Меѓународната пливачка федерација (скр. FINA – Fédération Internationale de Natation) е меѓународна спортска федерација призната од страна на Меѓународниот олимписки комитет (МОК)[1] која ги регулира сите национални спортски федерации во спортовите: пливање, скокови во вода, синхронизирано пливање, далечинско пливање и ватерполо. Седиштето на федерацијата се наоѓа во Лозана, Швајцарија.
Лого на ФИНА | |
Гесло | Водата е нашиот свет |
---|---|
Основана | 1908 |
Седиште | Лозана, Швајцарија |
Членство | 202 национални федерации |
Претседател | Д-р Жулио Цезар Маглионе |
Мреж. место | www.fina.org |
На 24 јули 2009 година, Д-р Жулио Цезар Маглионе од Уругвај биз избран за претседател на ФИНА.[2]
Историја
ФИНА била основана на 19 јули 1908 година во хотелот Манчестер во Лондон, Велика Британија на крајот на Летните олимписки игри 1908 од страна на Белгиската, Британската, Данската, Финската, Холандската, Француската, Германската, Унгарската и Шведската пливачка федерација.[3]
Број на национални федерации за година:
- 1908: 8
- 1928: 38
- 1958: 75
- 1978: 106
- 1988: 109
- 2000: 174
- 2008: 197
Членки
Во јануари 2010 на состанокот на бирото на ФИНА, Тонга станала 202-ра национална федерација на ФИНА.[4] Земјите членки се групирани по континент, и има 5 континентални асоцијации на кои земјите можат да бидат членови:
- Africa (51): Африканска Пливачка Конфедерација
- Americas (41): Американска Пливачка Унија
- Asia (43): Азиска Пливачка федерација
- Europe (51): Европска Пливачка Федерација
- Oceania (16): Океанска Пливачка Асоцијација
Белешка: Бројот во заградата е број на членки во континенталната асоцијација.
Претседатели
Секој претседателски мандат изнесува 4 години
Претседатели на ФИНА | ||
---|---|---|
Име | Држава | Мандат |
Џорџ Херн | Обединето Кралство | 1908–1924 |
ерик Бергвали | Шведска | 1924–1928 |
[Емил-Џорџес Дригни | Франција | 1928–1932 |
Валтер Бинер | Германија | 1932–1936 |
Харолд Ферн | Обединето Кралство | 1936–1948 (*) |
Рене де Раеве | Белгија | 1948–1952 |
М.Л. Негри | Аргентина | 1952–1956 |
Јан де Вриес | Холандија | 1956–1960 |
Макс Ритер | Германија | 1960–1964 |
Вилијам Берг Филипс | Австралија | 1964–1968 |
Хавиер Остос Мора[5] | Мексико | 1968–1972 |
Харолд Хенинг | САД | 1972–1976 |
Хавиер Остос Мора (2-ор мандат)[5] | Мексико | 1976–1980 |
Анте Ламбаса | Југославија | 1980–1984 |
Роберт Хелмик | САД | 1984–1988 |
Мустафа Ларфауи | Алжир | 1988–2009 |
Д-р Жулио Цезар Маглионе | Уругвај | 2009–сега (мандатот е до 2013) |
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.