From Wikipedia, the free encyclopedia
Evanescence е третиот истоимен албум од американскиот рок бенд Evanescence. Албумот ќе биде издаден на 11 октомври 2011 преку издавачката куќа Wind-up Records.
„Evanescence“ | ||||
---|---|---|---|---|
Студиски албум од Evanescence | ||||
Издаден | 11 октомври 2011 | |||
Снимен | Blackbird Studio, Нешвил, 2010–11 | |||
Жанр | Алтернативен метал, ну метал, хард рок | |||
Траење | 47:15 | |||
Издавачка куќа | Wind-up Records | |||
Продуцент | Ник Раскулинез | |||
Evanescence — Хронологија | ||||
| ||||
Издадени песни од Evanescence | ||||
|
Бендот започнал со пишувањето на материјал за албумот од јуни 2009 година. Датумот на издавање бил сменет неколкупати. Прво, на 22 февруари 2010 бендот влегол во студиото со продуцентот Стив Лилвајт но подоцна прекинале со снимањето на албумот бидејќи „не излегувал убаво“. За време на тие сесии албумот бил закажан за издавање во септември или август 2010 година, но потоа Ли изјавила дека бендот го напуштил студиото. Во април 2011 тие повторно почнале со снимањето на албумот со нов продуцент, Ник Раскулинез и албумот бил завршен во јули 2011.
„What You Want“, првиот сингл од албумот бил издаден на 9 август 2011.
Сфатив дека правам соло албум и ако сакавме да направиме заеднички албум требаше да се собереме заедно и да го направиме како вистински бенд. Тоа беше тешко време за мене. Јас знаев што сакав, но тоа не се случуваше како што јас сакав да го направам... Но морам да кажам дека се чувствувам многу силно за тоа што го имаме направено... Сè уште имаме некои од песните од тие сесии, но ги направивме да бидат за бендот.“
Во вестите на официјалната страница на бендот во јуни 2009, Ејми Ли напишала дека бендот почнал да работи на нов материјал за нов албум кој во тоа време требало да биде издаден во 2010. Таа изјавила дека музиката ќе биде еволуција на претходната работа и дека ќе биде „подобра, посилна и поинтересна.[2] Evanescence влегле во студиото на 22 февруари за да снимаат нов материјал.[3] Вил „Сајенс“ Хант се придружил на бендот како тапанар и програмер но веднаш не влегол во бендот,[4] додека Вил Хант се вратил како втор тапанар.[5] Дејвид Кемпбел, кој претходно работел на The Open Door, бил задолжен за жичените инстументи,[6] а продуцент на албумот ќе биде Стив Лилвајт.[7] Подоцна Ли рекла дека „Стив не се совпаѓаше добро“ и оттогаш бил заменет за продуцентот Ник Раскулинез.[8]
Во интервју со магазинот Билборд Ли рекла, „По завршувањето со турнејата [за албумот The Open Door], јас се вратив дома и не знаев што ќе правам потоа, не бев сигурна дали сакам повторно да одам со Evanescence.“ Таа сакала да има пауза од осумнаесет месеци и на крајот заклучила дека повторно сака да работи со бендот и да го направи новиот албум групен проект.[1] Таа исто така изјавила дека имала криза на идентитетот бидејќи постојано работела на турнеи и материјали за албумите Fallen и The Open Door. Откако завршила со турнејата за албумот The Open Door, таа кажала дека мора да се одмори.[9] Ли дополнила дека во новиот албум секој имал определен придонес „Обично пишувавме јас и уште некој. [...] Овој пат сите направија по нешто за албумот.“[1] Кога бендот тогаш влегол во студиото, албумот требало да излезе во август или септември во 2010 година.[10]
На 21 јуни, Ејми Ли изјавила на EvThreads.com дека членовите на Evanescence моментално го напуштиле студиото за подоцна со „бистри глави“ да го направат албумот. Исто така таа изјавила дека нивната издавачка куќа Wind-Up поминува низ „тешки времиња“, што ќе предизвика албумот да биде издаден подоцна.[11][12] Претседателот на Wind-up Records, Ед Ветри ја поддржал Ли во нејзината одлука да почне со снимањето од почеток. „Едно нешто што е карактеристично за нас во Wind-up е тоа што сме трпеливи. Не е добро, не излегува. Ако треба време од четири години, [ние] ќе го одредиме потребното време кое ќе треба за да се напише албумот.“ Тој дополнил дека неколкупати влегол во студиото забележувајќи, „Мислам дека нејзините обожаватели ќе бидат многу среќни.“[1]
Подоцна, бендот повторно влегол да снима во студиото со продуцентот Ник Раскулинез, кој исто така е продуцент на Alice in Chains и Foo Fighters, за да продолжат да работат на третиот албум,[13][14] кој го снимиле во Blackbird Studio, Нешвил.[1][15] Трој Меклавхорн изјавил дека се вратил повторно во бендот откако го напуштил пост-гранџ бендот Seether, но менаџментот на Evanescence подоцна го негирал тоа.[14] На 12 јуни 2011, Ејми Ли изјавиле преку својот профил на Твитер дека Трој Меклавхорн официјално се вратил во бенот и дека албумот ќе биде издаден на 4 октомври 2011.[16] Потоа датумот на издавање на албумот бил одложен за 11 октомври.[17]
Ли се појавила на насловната страница на изданието на Kerrang! на 22 јуни 2011. За време на интервју со магазинот, таа открила дека насловот на новиот албум ќе биде Evanescence.[18] Таа објаснила дека сфатила колку многу го сака бендот и се вратила „посилна и повистинска“ сфаќајќи дека бендот е „вистински дел од мене“ и „ме прави да бидам навистина, навистина среќна што сум овде.“[9] Ли исто така ја открила причината поради која бендот одлучил албумот да го носи истото име:
„Албумот е за бендот; тоа е повеќе како снимка правена од бенд. Но, почнав да мислам за него и за целиот албум и содржините на текстовите и сфатив дека во многу песни се работи за моето повторно вљубување во бендот и во работите поврзани со него, со Evanescence, со тоа што бев опседната речиси една деценија и подолго од тоа.“[15]
Во интервју со MTV Вестите на 23 јуни, Ли рекла дека 16 песн биле снимени, но сите од нив нема да бидат вклучени на албумот.[15] Подоцна било откриено дека сите 16 песни ќе бидат сместени на делукс издание на албумот, а стандардната верзија ќе содржи 12 песни.[19]
Листовите со музика од песните „What You Want“, „The Other Side“ и „Lost in Paradise“ биле прикажани на MTV Вестите на 11, 13 и 15 јули, последователно.[17][20][21] На 8 август, Evanescence се појавиле на MTV за да го изведат во живо нивниот сингл „What You Want“ проследен со настап во живо и потоа издолжено интервју.[9][22] Целиот настан бил наречен „MTV First: Evanescence“.[9][22] Бендот исто така изјавил дека сакал песната „My Heart Is Broken“ да се појави на саундтракот на вториот дел од серијалот на романи, Самрак наречен The Twilight Saga: Breaking Dawn.[23]
Губитник. Овој албум не е толку светнат или тесен. Повеќе е инстинктивен. Има голем ритам и вистинска музичка соработка на која ние се гордееме. Сите го знаат нашиот звук, но тоа е само фондација и ние танцувавме на тоа! Тој е сè уште многу тежок и мрачен, но ние се забавувавме додека го правевме.“
За време на сесиите кои бендот ги имал со Стив Лиливајт, било откриено дека албумот бил „виножито од звуци“ со тешки и бавни песни.[24] Ли рекла дека албумот имал електро влијанија и музика попратена со тапани.[25][26] Подоцна за време на сесиите со Ник Раскулинез, Ли зборувала за темата на албумот велеќји, „Се инспирирам од природата. Океанот стана тема. Скршеноста стана помалку застапена без да се нуди непотребно решение.“ Таа дополнила дека бендот користел нови инструменти како, синтисајзери класични клавијатури како Moog Taurus Pedal.[8] Во интервју со Kerrang! Ли рекла дека се инспирирала од животот дополнувајќи, „Музиката е за мене [и] за моите врски. Музиката и текстот е поагресивни отколку кога и да е претходно.“[18] Таа го опишала албумот како епски, мрачен и убав.[15]
Во интервју со MTV Вестите, таа рекла дека албумот бил интересен но не на поп начин. Таа дополнила дека бендот се забавувал за време на снимањето на песните. Темите на албумот биле за скршеност, слобода и за љубов.[27] Друга инспирација дошла од нејзината врска со обожавателите на бендот. Таа изјавила дека на албумот можело да се слушне како пее за нејзината врска со обожавателите и дека како и на секој нивни албум темата го вклучувала самиот бенд и врските со неговите обожаватели.[28][29] Во интервју со магазинот Spin, Ејми Ли рекла дека напишала неколку песни на харфа вклучувајќи ги и баладите „Secret Door“ и „My Heart is Broken“.[8] Според интервју со Rolling Stone, нејзиниот маж ѝ ја донел харфата како подарок.[30]
Ли кажала за Билборд и Rolling Stone дека влијанијата на новиот албум биле Бјорк, Depeche Mode, Massive Attack, MGMTи Portishead.[30][31] Таа дополнила, „Се сеќавам кога за првпат ги слушнав MGMT, нивниот прв албум – го обожував, го обожував. И всушност почнав да се инспирирам од синтисајзерите и другите работи. Секогаш сум ги сакала Portishead, Massive Attack, и тие електро елементи. [...] Нешто од тоа се најде на албумот. Но мислам дека конечно ја најдов интересната работа на спојување на Evanescence сп некои нови елементи.“[30]
Песната „What You Want“ била опишана како најразличната и најтешката песна на бендот со мелодии од гитара и тема во која се работи за слобода.[17] Започнува со тапани и Ли ги пее текстовите „Прави што и да сакаш / Ако сонуваш за нешто подобро / Прави што и да сакаш / Сè додека не престанеш да го сакаш“,[32] а потоа се префрла во танцувачка мелодија со гитари,[33] придружена со синтисајзери.[32] Според текстот, песната е пополнета со лутина за врска која не работа и покрај љубовта меѓу парот заедно.[33] „The Other Side“ содржи тапани со дуплиран бас, гитари и вокалите на Ли кои биле опишани како „вечни“ и „широки“. Главната тема на песната е смрт и Ли ја опишала како песна на бендот со рок и Р&Б елементи.[20] Баладата „Lost in Paradise“ била споредена со песната „Jóga“ (1997) од исландската пејачка Бјорк. Ли рекла дека песната била инспирирна од нејзината љубов кон Evanescence. Започнувајќи со пијано и вокалите на Ли песната користи жичени инструменти, тимпани и гитарски акорди.[21] Друга песна, „Oceans“, „почнува со голем, низок синтисајзер, а потоа се вклучува бендот“, рекла Ли. „Многу се забавувавме кога ја свиревме таа песна.“[8] Уште една балада оригинално наречена „Orange“, но потоа преименувана во „Never Go Back“ зборувала за „загуба од перспективата во која некој губи некого за време на трагедија“.[27] Ли подоцна открила дека песната била инспирирана од цунамито од 2011 во Јапонија.[34]
„What You Want“, првиот сингл од албумот бил дигитално издаден на iTunes Store на 9 август 2011.[35] Песната била напишана од Ејми Ли, Тери Балсамо и Тим Маккорд и зборува за слободата што воедно претставува и главната тема на албумот.[17] Музичкото видео за „What You Want“ започнало да се снима на 30 јули 2011 во магацин во Бруклин, Њујорк и било режирано од Меиерт Авис.[36] Evanescence премиерно ја прикажале песната со настап во живо на MTV на 8 август за време на шоу наречено „MTV First: Evanescence“, што претставувало и првиот настап на песната во живо.[9][22]
Evanescence ќе ја започнат турнејата во промоција на албумот со концерт во Аудиториумот на Воениот паметник во Нешвил, на 17 август 2011 г.[37] Ова ќе биде проследено со настапи на Rock on the Range во Винипег на 20 август,[38] Rock in Rio на 2 октомври,[39] и José Miguel Agrelot Coliseum, Порторико на 6 октомври.[40][41] Бендот ќе одржи и турнеја од три недели во САД и три недели во Европа за промоција на Evanescence.[1] Тие исто така најавиле турнеја во Обединетото Кралство која ќе започне во Hammersmith Apollo во Лондон на 4 ноември 2011 и ќе трае до 13 ноември, кога бендот ќе ја затвори турнејата на O2 Academy Birmingham.[42] Нивните настапи ќе бидат поддржани од The Pretty Reckless[42][43][44] и Fair to Midland.[42] Бендот ќе настапува и четири дена во Германија.[45] Ли најавила дека сет-списокот на турнејата ќе содржи песни од сите три албуми на бендот.[19]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.