From Wikipedia, the free encyclopedia
Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, познат и под името „Берлинаре“, е меѓународен филмски фестивал. Фестивалот е основан во 1951 година, а од 1978 година се одржува секоја година, во февруари. Со продадени 274.000 билети, Берлинскиот фестивал се смета за еден од најпосетените филмски фестивали во светот.[1]
Европскиот филмски пазар, саем на филмот кој се одржува истовремено со Берлиналето, е најголемата средба во филмската индустрија од областа на меѓународниот филм. Исто така, серијата неделни предавања и работилници на „Берлинале талент кампус“ ги собира младите филмаџии од целиот свет. овој кампус е партнер на фестивалот и се смета за форум на уметниците кои се во подем.
На фестивалот се доделуваат повеќе награди:
Фестивалот е составен од седум различни категории. Филмовите во секоја категорија се избираат од страна на секторскиот директор, заедно со комитетот на филмски експерти.
Категории:
Европскиот филмски пазар (ЕФП) е еден од трите најголеми филмски пазри во светот. Тој е најголемиот деловен центар за време на Берлинскиот филмски фестивал. Европскиот филмски фестивал е најголемиот собир на големи филски продуценти, купувачи, финансиери, агенти и дистрибутери. ЕФП претставува професионален трговски настан кој е отворен за регистрираните членови во индустријата. Во 2010 година регистрирани се 414 компании, 2714 беџови на европскиот филмски пазар се издадени и регистрирани се 1339 купувачи. Трговскиот саем им обезбедува изложбен простор на компаниите за прикажување на својот состав. Организира прикажување на повеќе од 1000 прикажувања на нови филмови кои се прикажуваат во кината околу Potsdamer Platz. Во 2007 година, CinemaxX and CineStar беа искористени за прикажување на нови продукции. 2010 година Astor Film Lounge покажува на пазарот проекции во 3Dтехнологија со помош на дигиталната RealD технологија. Копродукцискиот пазар на Берлинарето е тридневна платформа за поврзување на производителите и финасиерите, како и за емитување и финансирање на претставници кои учествуваат во меѓународни копродукции.
Талент Кампус Почнувајќи од 2003 година, Берлинарето соработува со „Талент кампусот Берлинаре“, кој претставува зимска школа за идни режисери и се одржува истовремено како и фестивалот. Секоја година, „Талент Кампусот“ прифаќа околу 350 кандидати од различни филмски професии, кои доаѓаат од целиот свет. Настанот трае шест дена за време на Берлиналето и се одликува со предавања и трибини со добро познати професионалци, опфаќајќи ги актуелните прашања од областа на правењето на филмови. Работилници, екскурзии, лични туторства, тренинг и обуки на учесниците од различни делови од работата се составен дел на програмата.
На 67. издание на Берлинскиот фестивал се прикажале околу 400 филма од 70 земји, а во конкуренција за „Златната мечка“ биле 18 филмови. Главната награда, „Златната мечка“ ја добила унгарската режисерка Илдико Ењеди за филмот „За телото и душата“; наградата за најдобар режисер и „Сребрената мечка“ ја добил финскиот режисер Аки Каурисмаки, за комедијата „Од другата страна на надежта“; додека наградата за најдобро сценарио ја добил чилеанскиот филм „Фантастична жена“ на Себастијан Лелио, за најдобра глумица била прогласена Ким Мин-хи, а наградата за најдобар глумец ја освоил Џорџ Фридрих.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.