Шопур
село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia
Шопур — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Шопур | |
Координати 41°38′08″N 22°17′58″E | |
Општина | Штип |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 30071 |
Надм. вис. | 500 м |
Шопур на општинската карта Атарот на Шопур во рамките на општината | |
Селото се наоѓа на западните паднини на Плачковица, во југоисточниот дел на Општина Штип, во сливот на Крива Лакавица.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 500 метри.[2]
Атарот зафаќа простор од 5,6 км2. На него преоввладуваат шумите на површина од 387 хектари, на пасиштата отпаѓаат 101 хектар, а на обработливото земјиште 63 хектари.[2]
Во XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шопур живееле 54 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Шопур имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, селото има само 2 жители, Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 54 | 80 | 102 | 112 | 76 | 22 | 9 | 5 | 1 | 2 | 0 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.