From Wikipedia, the free encyclopedia
Шарлаган (турски: şırlağan)[1] — ладно цедено растително масло. Шарлаганот се добива со процес на пресување и цедење на одредени растенија, сè со цел да се добие масло кое не е рафинирано. Во Македонија во минатото, односно до почетокот на индустрализацијата се користело само ваков вид на масло, односно најмногу масло од мак. Денес во Македонија сè уште има производство на Шарлаган, а најмногу од сончоглед. Ладно цеденото сончогледово масло се произведува по пат на ладно пресување на семето во специјални преси на температура не повисока од 40 °C. Оваа постапка на ладно цедење е едноставен метод на гмечење на семето, без употреба на топлина и хемиски растворувачи (т.е без рафинирање на производот), при што се добива чисто масло во кое се задржани вкусот, аромата и нутритивните вредности на семето. Тоа има жолто-златна боја, но бојата најмногу зависи од својствата на семето. Ова масло има повеќе витамин Е од било кое друго масло, кој е добар антиоксиданс и позитивно влијае врз човечкото тело.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.