Шан (Лихтенштајн)
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шан (германски: Schaan) — најголемиот град и општина во Лихтенштајн. Се наоѓа северно од главниот град Вадуц, во средишниот дел од земјата. Населението брои 5.933 жители (2012), а општината зафаќа површина од 26,8 км², вклучувајќи ги планините и шумата.
Шан Schaan | |||
---|---|---|---|
Црквата Св. Лаврентиј во Шан | |||
Шан и неговите енклави во Лихтенштајн | |||
Координати: 47°10′N 9°30′E | |||
Држава | Лихтенштајн | ||
Села | Милехолц | ||
Површина | |||
• Вкупна | 26,8 км2 (103 ми2) | ||
Надм. вис. | м | 450||
Население (31 декември 2012[1]) | |||
• Вкупно | 5.933 | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC) | ||
Поштенски бр. | 9494 | ||
Повик. бр. | 7001 | ||
ISO 3166 | LI-07 | ||
Мреж. место | www.schaan.li |
Местото е за првпат споменато во 850 година.
Градот се граничи со Бухс во Швајцарија.
Во рамките на општината влегуваат и селата Милехолц и Нафкопф, едно од двете тромеѓа помеѓу Лихтенштајн, Швајцарија и Австрија.
Шан има над 4000 фирми, и со тоа претставува голем економски центар. Во шан е седиштето на фирмата Ивоклар Вивадент АГ, најголемиот произведувач на вештачки вилици во светот, како и на Хилти АГ, еден од најкрупните светски произведувачи на котви и електричен алат.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.