From Wikipedia, the free encyclopedia
Шабан Шаулиќ (срп. Šaban Šaulić; Шабан Шаулић) (роден 6 септември 1951 во Шабац, Југославија, починал 17 февруари 2019 во Билефелд, Германија)[1] — српски пејач. Во текот на неговата богата кариера во медиумите и од јавноста го добил прекарот „крал на народната музика“.[2][3][4]
Шаулиќ загинал на 17 февруари 2019 во сообраќајна несреќа враќајки се од концерт во Билефелд во Германија.
Неговиот прв албум излезе во 1969 г. кога имал осумнаесет години, отприлика тогаш служел воен рок во Југословенската народна армија во Битола. До 1976 г., авторот на неговите песни бил Буца Јовановиќ, а од таа година сите свои песни ги пишувал лично.[4] Неговата жена се вика Гордана[5] за која тој има напишано и издадено хит-песна во албумот Кафанска ноћ (1985) наречена „Гордана“. Шаулиќ бил еден од најпродаваните пејачи во СФРЈ.[се бара извор] Тој исто така има снимано песни на македонски, како римејкот на класичната „Зајди, зајди“.
Шаулиќ живеел и работел во Белград.[6] Неговите омилени забави се рибарење, во својата викендица во Крчедин,[6][7] и фудбал.[2]
Со својата сопруга Гордана[5] има три деца — Санела, Илдуза и Михајло. Илда е исто така пејачка на новокомпонирана народна музика.
Кума на Шабан Шаулиќ е познатата пејачка Зорица Брунцлик.[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.