Ченгино Кале
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ченгино Кале (Калето) или Моравски Врв — врв на Малешевските Планини на границата Република Македонија и Пиринска Македонија, денес во Бугарија. Се смета за најисточна точка во Република Македонија. Познато е како место од каде што извира реката Брегалница — втора река по големина во земјата.
Се издигнува на главното планинско било, на југоисток од врвот Погледец; на исток од него се одделува Моравски Рид, на југоисток е Каменички Рид. Се наоѓа на 1.710 метри надморска височина[1]. Врвот е заоблен. Северните делови се спуштаат стрмно кон долината на Стара Река, додека југоисточниот и јужниот дел се пониски. Источните делови на Ченгино Кале водат кон Добромирска Река и Сливничка Река. Почвата е планинско-ливадска. Билото има високопланинска тревна растителност, додека северните и јужните делови изобилуваат со букови и иглолисни дрвја.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.