From Wikipedia, the free encyclopedia
Чајна кесичка или кесичка чај е мала, пороѕирна, запечатена кесичка или пакетче, што обично содржи листови чај или дробени листови од други билки, се потопува во вода за да се направи раствор. Првично користени само за чај (Camellia sinensis), тие сега се прават и со други билни чаеви.
Чајните кесички најчесто се направени од филтер-хартија или од прехранбена пластика, или понекогаш од свилен памук или свила. Кесичката ја врши истата функција како и инфузерот за чај. Некои кесички за чај имаат прикачено парче врвка со хартиена етикета на врвот што помага да се отстрани кесичката, а исто така се прикажува брендот или видот на чај.
Патентите за чајните кесички ждатираат од 1903 година кога Роберта Лосон и Мери Мекларен, од Милвоки, Висконсин, добиле американски патент 723287 за држач за листови од чај, кој го поднеле во 1901 година.[1] Првите современи кесички за чај биле рачно шиени кеси од ткаенина. Комерцијално се појавиле околу 1904 година, и биле успешно продавани околу 1908 година од Томас Саливан, увозник на чај и кафе од Њујорк, кој ги испраќал своите свилени чајни кесички низ целиот свет. Првата машина за пакување кесички чај била измислена во 1929 година од Адолф Рамболд за германска компанија.[2]
Топлинско запечатената кесичка чај од хартиени влакна била патентирана во 1930 година од Вилијам Хермансон.[3] Сега веќе вообичаената правоаголна чајна кесичка била измислена дури во 1944 година. Пред тоа, кесичките личеле на мали вреќички.[4]
Широк спектар на чаеви, како и други видови билни чаеви, се достапни во чајни кесички. Вообичаено, кесичките користат парченца, а остатоците од поголемите парчиња од листот се собираат за продажба како слаб чај, иако некои компании продаваат кесички кои содржат чај од цели листови.[5]
Традиционално, чајните кесички имаат квадратна или правоаголна форма. Тие обично се направени од филтер хартија, мешавина од дрвени и растителни влакна поврзани со хартијата што ја има во филтрите за млеко и кафе. Последново е изветвена каша од абака коноп, растение банана на плантажа одгледувано заради своите влакна, најмногу на Филипините и Колумбија. Некои кеси имаат термопластика што може да се запечати на топлина, како што е ПВЦ или полипропилен како компонентно влакно на внатрешната површина на чајната кесичка, што ги прави нецелосно биоразградливи.[6][7] Некои понови хартиени кесички се направени во кружна форма.
Тетраедарските чајни кесички биле за првпат употребени од брендот PG Tips во 1997 година.[8] Тие обично се направени од најлон[9] или свила. Најлонот не е биоразградлив, така што свилата ја претпочитаат еколозите.[10]
Празните чајни кесички се достапни и за потрошувачите да ги наполнат самите со листови чај. Овие се типично торбички со отворени краеви со долги клапи. Ќесичката се полни со соодветно количество чај од лист и капакот се затвора во торбичката за да се задржи чајот. Ваквите кесички за чај ја комбинираат леснотијата на користење на комерцијално произведената кесичка чај со поширокиот избор на чај и подобрата контрола на квалитетот на чајот со необработени листови.
Во 2017 година, Мајк Армитаж, градинар во Рексам, Велика Британија, открил дека кесичките чај оставаат пластичен остаток откако биле компостирани. Тој започнал петиција барајќи од Унилевер да ја отстрани пластиката од производството на чајните кесички.[11][12][13] Во јануари 2018 година, Ко-оп Фуд објавиле дека ја отстрануваат пластиката од сопствената марка 99 кесички чај заедно со нивниот добавувач.[14][15] Во февруари 2018 година, PG Tips објавиле дека нивните пирамидални кеси сега ќе користат лепило од пченкарен скроб наместо полипропилен.[11][16][17]
Декоративните чајни кесички станале основа за големи колекции и многу колекционери собираат кесички од целиот свет. Клубовите за собирање чајни кесички се широко распространети низ светот, а членовите се состојат од луѓе заинтересирани за предмети поврзани со чаеви. Онлајн колекционерските клубови често вклучуваат каталози на чајни кесички,[18] како и алатки за следење на собирањето. Покрај тоа, собирачите на кесички чај често собираат други предмети поврзани со чај, како што се етикети.[19] Овие интернет страници, исто така, обезбедуваат форуми за дискусии и трговски аранжмани помеѓу собирачите.
Научниците за почвата користеле стандардизирани чајни кесички за да ја измерат стапката на распаѓање на органските материјали во различни почви.[20][21]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.