From Wikipedia, the free encyclopedia
Чарлс Линдберг (англиски: Charles Lindbergh, 4 февруари 1902 - 26 август 1974 наречен Самотниот Орел — американски воздухопловец кој на 20 и 21 мај во 1927 година со авионот „Духот на Сент Луис“ го прелетал Атлантикот. Со тоа станува првиот човек кој го прелетува Атнантикот.
Чарлс Линдберг Charles Lindbergh | |
---|---|
Чарлс Линдберг | |
Роден | 4 февруари 1902 Детроит, Мичиген |
Починал | 26 август 1974 72) Кипахулу], Мауи, Хаваи | (возр.
Занимање | Aviator, author, инвентор, истражувач, активист |
Награди | Медал на честа, Конгресен златен медал, Пулицерова награда, Ортејгова награда |
Полетал од Њујорк и се спуштил во Париз, прелетувајќи 5,836 км за 33 часа и 32 минути.[1]
Во доцните 1920-те и во почетокот на 1930-тите, Линдберг ја користел својата слава за да помогне во промоцијата на побрзиот развој комерцијалното воздухопловство во САД. Синот на Линдберг бил киднапиран во 1932 година од семејниот дом во Њу Џерси а подоцна бил и убиен. Весници што настан го нарекувале криминал на векот.[2] Бруно Хауптман човек кој бил осуден за киднапирањето, бил погубен на електричен стол. Ова киднапирање било повод за донесување на закон со кој киднапирањето е прогласено за криминал според федералните закони на САД.
Пред да влезат во САД во Втората светска војна Линдберг бил главен застапник за неучество на Америка во војната. Тој бил водач на антивоеното здружение Прво Америка (America First).[3] Тој сметал дека, како и многу други Американци од тоа време, дека американските сили ќе убедливо ќе го поразат Хитлер, но со тоа би ја напуштиле Европа на милост и немилост на Советскиот Сојуз, што би предизвикало уништување на Западната цивилизација. Изјавувал дека никако не може да се оправда прогонот на Евреите во Германија.
Тој изјавувал, дека ја разбира желбата на американските Евреите и на Британците за вовлекување на САД во војната, сметал дека тоа сепак не е во интерес на Америка. Предупредувал на големото еврејско влијание врз американските медиуми, филм, радио и во Владата. „Ние не можеме да ги обвиниме, што се грижат за тоа што тие веруваат дека е во нивен интерес, но ние исто така мора да се грижи за нашите интереси. Не смееме да дозволиме природните страсти и предрасуди на другите народи ја доведат нашата земја до пропаст.“ Овие негови зборови, многу се критикувани како анти-еврејските и анти-американски.[4] Линдберг бил обвинет и дека е симпатизер на нацистите. Тој лично верувал во супериорноста на нордиската раса. По влегувањето на Америка во војната лета во борбени мисии на бојното поле на Тихиот Океан. По војната, тој се посветил на голем број на акции за заштита на животната средина.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.