Чао Праја
голема река во Тајланд From Wikipedia, the free encyclopedia
голема река во Тајланд From Wikipedia, the free encyclopedia
Чао Праја тајландски: แม่น้ำเจ้าพระยา) — голема река во Тајланд, чија наносна рамнина го образува средиштето на земјата. Тече низ градот Бангкок, па на крај се влева во Тајландскиот Залив.
Чао Праја แม่น้ำเจ้าพระยา | |
Изворот на Чао Праја во Након Саван | |
Притоки | |
- леви | Па Сак |
- десни | Саке Кранг |
Извор | слевање на Пинг и Нан |
---|---|
- место | Пак Нам По, Након Саван |
- височина | 25 м |
Утока | |
- местоположба | Тајландски Залив, Самут Пракан |
- височина | 0 м |
Должина | 372 км |
Слив | 160.400 км2 |
Истек | во Након Саван |
- просечен | 718 м3/с |
- максимален | 5.960 м3/с |
Карта на сливот на Чао Праја
|
Реката Чапо Праја се образува со слевање на реките Пинг и Нан кај градот Након Саван во истоимената покраина. Потоа продолжува јужно и тече 372 км од централната рамнина до Бангкок и Тајландскиот Залив. Во покраината Чајнат, реката се двои на главно течение и растоката Та Чин, која тече напоредно на главната река и истекува во Тајландскиот Залив околу 35 км западно од Бангкок во Самут Сакон. Ниската наносна рамнина што почнува под Чајнатската брана е испресечена со многубројни мали канали (клонгови) што се извдојуваат од главната река и служат за наводнување на оризарниците.
Подрачјето по течението нареката има монсунска клима, со преку 1.400 мм дожд годишно. Температурата се движи од 24 до 33 °C во Бангкок.
Долното течение на реката е неколкупати преуредувано за време на Ајутајското кралство. Ископани се неколку канали за да како кратенки за големите свиоци, скратувајќи го од главниот град до морето. Со време течението на самата река се има изменето така што денес ги следи овие канали.
Поважни населени места на реката Чао Праја, од северн кон југ, се градовите Након Саван, Утај Тани, Чајнат, Сингбури, Анг Тонг, Ајутаја, Pатум Тани, Нонтабури, Бангкок и Самут Пракан. Поради нивната положба на речните брегови, ова се градови со најголемо историско значење и најгуста населеност.
Најголемите мостови преку реката Чао Праја се во Бангкок и околината. Тоа се мостовите: „Рама VI“, „Пра Пинклао“ кај Голем дворец, „Рама VIII“, „Рама IX“ и „Пумипон“, кој е дел од индустриската обиколница.
Реката Чао Праја претставува значајна сообраќајна артерија низ која пловат голем број линии на јавни пловила, прекуречни траекти и такси-пловила.
Главни притоки на Чао Праја се Па Сак, Саке Кранг, Нан (заедно со нејзината главна утока, Јом), Пинг (заедно со нејзината главна утока, Ванг) и Та Чин.[2][3][4] Секоја од притоките (како и самата Чао Праја) добива вода од мноштво мали притоки, разгранети во речиси секоја покраиуна во цреден и северен Тајланд.[2]. Ниедна од притоките не излегува од државните граници. Реките Нани Јом течат речиси напоредно од Питсанулок до Чумсенг во северниот дел на покраината Након Саван.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.