Црква „Св. Богородица Балаклија“ - Злетово

црква на Злетовскиот манастир From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Богородица Балаклија“ - Злетовоmap

Света Богородица Балаклија — главна и единствена манастирска црква во рамки на Злетовскиот манастир.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Света Богородица Балаклија

Поглед кон манастирската црква

македонска православна црква
ЕпархијаБрегалничка
Архијерејско намесништвоШтипско
ПарохијаЗлетовска
Местоположба

Координати42°00′50.3″N 22°15′34.8″E
МестоЗлетово
ОпштинаПробиштип
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителБогородица Марија
Завршено2010
Осветување16 мај 2010
КтиторЧедо Петров
Архитектонски опис
Затвори

Историја

Црквата била осветена заедно со целиот манастир од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на 16 мај 2010 година. Нејзин ктитор бил пратеникот во Собранието на Република Македонија Чедо Петров од Пробиштип.[1][2]

Архитектура

Градбата има правоаголна основа и по својот облик претставува крсто-куполен храм, при што куполата има осумаголна основа и на секоја од осумте страни има монофора. Предниот дел од црквата кон којшто водат главната влезна врата и страничната врата од десната страна е понизок. Над дрвената влезна врата се запишани имињата „Исус“ и „Ника“, додека од двете нејзини страни има ланцетни прозорци со иста големина. На страничниот ѕид, веднаш до влезната врата има три ланцетни прозорци, од кои средниот е поголем од останатите два. Во средишниот дел на овој ѕид има полукружна апсида со два ланцетни прозорци. Целата градба е покриена со ќерамиди. Над ќерамидите на осумаголната купола има крст.

Камбанаријата на црквата е сместена од десната страна на нејзиниот заден дел. Таа има квадратна основа и се состои од четири столбови покриени со ќерамиди.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.