Црква Свети Василиј (Москва)
црква во Москва From Wikipedia, the free encyclopedia
црква во Москва From Wikipedia, the free encyclopedia
Покровска катедрала (руски: Собор Покрова) или попросто Катедралата Покровскиј, попозната како Катедралата на Св. Василиј Блажениот (руски: Собор Василия Блаженного) или Катедрала Св. Василиј е црква со повеќе конусни покриви карактеристични за руската црковна архитектура која што се наоѓа на Црвениот плоштад во Москва и се смета за симбол на уникатната позиција на Русија помеѓу Европа и Азија.
Црква Свети Василиј Собор Покрова Пресвятой Богородицы, что на Рву | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Црвен плоштад, Москва, Русија |
Координати | 55°45′9″N 37°37′23″E |
Припадност | Руска православна црква |
Осветен | 12 јули 1561[1] |
Духовно-организациски статус | Државен историски музеј со повремени црковни служби од 1991 година |
Статус | активна |
Културнонаследствен статус | 1990 |
Мреж. место | Катедралата Св. Василиј Државен историски музеј |
Архитектонски опис | |
Архитект(и) | Барма и Постник Јаковлев[2] |
Архитектонски тип | црква |
Поставен темел | 1555 |
Особености | |
Висина (најг.) | 47.5 метарs (156 ст)[3] |
Куполи | 9 |
Кули | 2 |
Службен назив: Kremlin and Red Square, Moscow | |
Тип | Културно |
Услови | i, ii, iv, vi |
Прогласен | 1990[4] |
Број | 545 |
State Party | Русија |
Region | Европа |
Session | 14 |
Изградбата на црквата започнала во времето на Иван IV (познат и како Иван Грозни), во чест за освојувањето на Казанскиот хаганат[5][6]. Изградбата започнала во 1555 година, а истата завршила во 1561 година.[7] Таа била највисоката градба во Москва, сè до 1600 кога била изградена кулата на Иван Грозни[8]. Во 1588 година била изградена на нејзината источна страна капела. Во дворот на комплексот се наоѓа бронзена статуа на Димитриј Пожарски и Кузма Мињин, кои ја обединиле својата армија во времето на полските походи кон Русија во т.н. Време на неволи. Во почетокот статуата била поставена на Црвениот плоштад, но советската влада ја тргнала од таму поради одржување на парадите.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.