Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
„Црвено и црно“ (француски: Le Rouge et le Noir) — историско-психолошки роман на францускиот писател Стендал, објавен во два тома, во ноември 1830 година.[1] Романот го прикажува обидот на едно младо момче од провинцијата да се стекне со повисок социјален статус преку комбинација од напорна работа, талент, измама, и хипокризија.
Судејќи според оригиналниот наслов на делото, Црвено и Црно: Хроника на XIX век, освен психолошки портрет на главниот лик Жилиен Сорел, писателот прави анализа и социолошка сатира на француското општество за време на бурбонската реставрација (1814–30).[2] Насловот на романот се однесува на судирот помеѓу верските (црно) и секуларните (црвено) убедувања на протагонистот,[3] што е предмет на дебата во книжевните кругови.[4]
Гете имал поволно мислење за романот „Црвено и црно“ кого го сметал за најдоброто дело на Стендал. Според Гете, иако неколку женски ликови во романот делуваат премногу романтично, сепак Стендал е автор „кој умее да набљудува и има длабок психолошки поглед“ така што „лесно може да му се простат неколку неверојатни детали“.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.