Црвени марки со ликот на Ленин
расказ, дел од „Енциклопедија на мртвите“ From Wikipedia, the free encyclopedia
расказ, дел од „Енциклопедија на мртвите“ From Wikipedia, the free encyclopedia
Црвени марки со ликот на Ленин (српски: Црвене марке с ликом Лењина) - расказ на српскиот писател Данило Киш, дел од збирката раскази „Енциклопедија на мртвите“ од 1983 година.
Расказот е напишан во форма на писмо кое една жена му го пишува на предавачот на тема: изгубената преписка на рускиот писател Мандел Осипович. Во писмото, таа ја опишува својата долгогодишна љубовна врска со Осипович и притоа ги негира толкувањата на неговите песни од страна на познатата критичарка Нина Рот-Свансон. Авторката на писмото го сретнала Осипович во ноември 1922 година, во Париз и меѓу нив веднаш се родила љубов. На барање на писателот, таа се вратила во Москва, со цел тие да можат да бидат заедно. Со текот на времето, нивната врска станувала сè посилна, но писателот не можел да се разведе поради тоа што имал болно девојче. Исто така, нивната љубов била бурна и неколкупати тие се разделувале и ја продолжувале врската. Но, еден ден, во 1949 година, љубовницата на Осипович по грешка отворила писмо во кое тој ѝ ја објаснувал својата поезија на друга девојка. Бидејќи писмото било напишано двосмислено, неговата љубовница се налутила и ја искинала целата своја преписка со писателот. Подоцна, Осипович бил уапсен и така останала мистеријата за неговата изгубена преписка.[1]
Во пост-скриптумот кон збирката, Киш објаснува дека, наспроти изобилството од цитати, расказот е фантазија, но притоа тој го цитира Набоков, кој вели: „никогаш не разбрав за што служи да се измислуваат книги... кои, на овој или на оној начин, навистина не се случиле.“ Исто така, авторот наведува дека делот од расказот во кој се споменува „многу материјалистичкиот Дидро“ е инспириран од едно негово писмо до љубовницата Софија.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.