Христо Батанџиев

македонски револуционер From Wikipedia, the free encyclopedia

Христо Батанџиев
Remove ads

Христо Иванов Батанџиевмакедонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и еден од основачите на Македонската револуционерна организација (МРО).[1][2]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Христо Батанџиев е роден во Гуменџе, Ениџевардарско. Се школувал во родното село, каде што подоцна и учителствувал. Тој најпрво работел како учител во солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а потоа бил секретар во солунската црковно училишна општина и Егзархиската Митрополија во Солун.

Како патриот, загрижен за судбината на Македонија ѝ пристапил на групата македонски интелектуалци-истомисленици, со кои во Солун ја основале Македонската револуционерна организација. Организацијата е основана на 23 октомври 1893 година (стар стил) во неговото живеалиште.

По Младотурска револуција во 1908 година и Хуриетот бил активен член на Сојузот на бугарските конституциони клубови во Македонија.

Во текот на Балканските војни, Батанџиев заедно со уште 183 други Македонци од Солун и Солунско, бил уапсен од грчката војска. Некои од нив, вклучувајќи го и Батанџиев, требале да бидат интернирани со брод од Солун до островот Трикери.[1][2] Загинал заедно со архимандритот Евлогиј во 1913 година, бил фрлен и удавен во Егејското Море од страна на Грците.

Денес во софискиот кварт Орландовци е именувана една улица по него [3][4], а во Скопје е именувана една спортска сала во општината Ѓорче Петров.

Remove ads

Наводи

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads