From Wikipedia, the free encyclopedia
Хиперхолестеролемија (позната и како дислипидемија) претставува високо ниво на холестерол во крвта.[1] Претставува форма на "хиперлипидемија" (покачени нивоа на липиди во крвта) и "хиперлипопротеинемија" (покачени нивоа на липобелковини во крвта).[1]
Хиперхолестеролемија | |
---|---|
Структурна формула на холестерол | |
Специјалност | Ендокринологија |
Холестеролот е стерол; види дијаграмска структура десно. Сочинува една од трите мајорни класи на липиди кои сите животински клетки ги користат за градба на нивните мембрани, па така е произведен од сите животински клетки. Клетките на растенијата не произведуваат холестерол. Исто така е претходник на стероидните хормони, жолчните киселини и витаминот Д.
Бидејќи холестеролот не е растворилв во вода, во крвната плазма се транпортира вметнат во белковини (липобелковини). Липобелковините се класифицирани на основа на нивната густина: липобелковини со многу мала густина (VLDL), малогустинските (LDL), средногустинските (IDL) и големогустинските липобелковини (HDL).[2] Сите липобелковини содржат холестерол, меѓутоа покачени нивоа на липобелковини со исклучок на HDL, а особено покачени новоа на LDL се поврзани со зголемен ризик за атеросклероза и коронарна срцева болест.[3] За разлика од ова, повисоки нивоа на HDL холестерол делуваат протективно.[4] Зголемените нивоа на нон HDL и LDL холестерол може да се последица од исхрана, обезност, наследни (генетски) болести (како мутации на рецепторот за LDL кај семејна хиперхолестеролемија), или други болести како дијабет и хипоактивна штитна жлезда.[1]
За намалување на вкупниот холестерол и LDL холестеролот кај возрасни се препорачува намалување на внесот на заситени масти со храната.[5] Кај лица со многу високи нивоа на холестерол (пр. семејна хиперхолестеролемија), диетата обично не е доволна за да се намали нивото на холестерол и вкупните масти. Во овие случаи често се потребни лекови кои ја намалуваат продукцијата и апсорпцијата на холестерол.[6] Доколку е неопходно, се изведуваат други терапевтски зафати, како LDL афереза или хируршки постапки.[6]
Иако хиперхолестеролемијата сама по себе е асимптоматска, долготрајно покачени нивоа на холестерол во крвта можат да доведат до атеросклероза.[7] Во тек на повеќе години, хронично покачените нивоа на холестерол можат да придонесат во создавањето на атероматозни плаки во артериите. Ова миже да доведе до прогресивна стеноза (стеснување) или дури целосна оклузија (блокирање) на зафатените артерии. Помалите плаки можат да се распрнат (руптурираат), доведувајќи до формирање на тромб, кој може да го попречи крвниот проток.[8] Ненадејната оклузија на коронарна артерија доведува до миокарден инфаркт (срцев удар). Оклузија на артерија која го снадува мозокот со крв доведува до мозочен удар. Доколку стенозата или оклузијата се развиваат постепено, тогаш протокот на крв до ткивата и органите се намалува додека не се наруши функцијата на органот. Притоа, ткивната исхемија (прекин на снабдување со крв) може да се манифестира со специфични симптоми. На пример, привремена исхемија на мозокот, позната како транзиторна исхемична атака) може да се манифестира со привремен губиток на видот, вртоглавица и нарушување на рамнотежата, афазија (нарушување на говорот), пареза (слабост) и парестезија (трпнење), обично на една страна од телото. Недоволно крвоснабдување на срцето може да се манифестира со градна болка, а исхемија на очите може да се манифестира со минливо слепило на едното или двете очи. Недоволен проток на крв во нозете се манифестира со болка во листовите при одење, додека исхемија на цревата се презентира како абдоминална болка посе оброк.[1][9]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.