From Wikipedia, the free encyclopedia
Хинкали (грузиски: ხინკალი) – грузиски кнедли,[1][2] , создадени во грузиските планински области Пшави, Миулети и Хевсурети.[3] Оттаму хинкалите се прошириле во разни варијанти во различни делови на Кавказ.[4] Полнењето на хинкалите варира во зависност од подрачјето. Оригиналниот рецепт, хевсурули, се состоел само од исечкано месо (јагнешко или говедско помешано со свинско), кромид, пиперки, готварска сол и кумин. Меѓутоа, современиот рецепт кој главно се користи во грузиските градови, калакури, користи зачини како што се магдоносот и коријандерот. Во муслиманските области се користи скоро исклучиво говедско и овчко. Наместо месо може да се користи сирење, печурки или компир.
Вид | главно јадење |
---|---|
Земја на потекло | Грузија |
Температура на послужување | топло |
Главни состојки | телешко, јагнешко, свинско |
Cookbook: Хинкали на Викикниги
|
Хинкалите се јадат без додаток или со толчен црн пипер. Месото со кое се полнат е сирово, така што кога ќе се замота соковите од месото остануваат во кнедлата. За да бидат посочни обично на меленото месо му се додава топла вода или супа. По правило, при првото каснување на хинкалито се вшмукува сокот за подоцна да не дојде до прскање. Врвот каде што се спојуваат наборите е жилав и не е наменет да се јаде, туку се враќа во чинијата за да може да се види колку изеле. Во Грузија овој врв се вика куди (грузиски: ქუდი, "шешир") или кух (грузиски: კუჭი, "стомак").
Постои широко распространет начин на однесување во Грузија и според него овие кнедли се јадат со раце, користење на прибор за јадење, како виљушка, се смета за непристојно.
Градовите Душети, Пасанаури и Мцхета се особено познати по своите хинкали.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.