Хербигова Ae/Be-ѕвезда (HAeBe) — млада ѕвезда ѕвезда пред главната низа од спектралните типови A или B со старост не повеќе од 10 милиони години. Тие сè уште седат во гасовито-правливи обвивки и понекогаш имаат придружни околуѕвездени дискови.[1] Во нивните спектри се забележуваат водородни и калциумски оддавни линии. Тие се тела со 2-8 сончеви маси (M☉), сè уште во фаза на ѕвездообразба (гравитациско стегање) и се доближуваат кон главната низа (т.е. не согоруваат водород во нивното средиште). На Херцшпрунг–Раселовиот дијаграм овие ѕвезди се сместени десно од главната низа. Наречени се по американскиот астроном Џорџ Хербиг, кој прв почнал да ги разликува од други видови ѕвезди во 1960 г. При откривањето, критериумите на Хербиг биле следниве:
- Спектрален тип поран од F0 (за да се изземат ѕвезди од типот на T Бик),
- Балмерови оддавни линии во ѕвездениот спектар (за да бидат слични на ѕвездите од типот на T Бик),
- Предвидена местоположба во рамките на темен меѓуѕвезден облак (за да се изберат многу млади ѕвезди блиску до нивното место на настанок),
- Да фрлаат светлина врз блиска отсјајна маглина (за да се загарантира физичката врска со ѕвездородна област).
Денес се познати неколку изолирани Хербигови Ae/Be-ѕвезди (т.е. неповрзани со темни облаци или маглини). Затоа, најпоузданите критериуми денес се:
- Спектрален тип поран од F0,
- Балмерови оддавни линии во ѕвездениот спектар,
- Вишок на инфрацрвено зрачење (во споредба со нормални ѕвезди) поради присуство на околуѕвездена прашина (за да се разликуваат од класичните Be-ѕвезди, кои имаат инфрацрвен вишок поради слободно-слободно оддавање).
Понекогаш Хербиговите Ae/Be-ѕвезди покажуваат значајна променливост во сјајноста. Се смета дека ова се должи на грутки (протопланети и планетезимали) во околуѕвездениот диск. При најмала сјајност ѕвездата има сино линеарно поларизирано зрачење (кога грутката ѝ попречува на непосредната ѕвездена светлина, доаѓа до релативно зголемување на расеаната светлина од дискот — истата појава одговорна за небесното синило над Земјата).
Аналозите на Хербиговите Ae/Be-ѕвезди во помал масен опсег (<2 M☉) — ѕвезди пред главната низа од спектрален тип F, G, K, M — се нарекуваат ѕвезди од типот на T Бик. Помасивни (>8 M☉) ѕвезди во фаза пред главната низа не се забележани, бидејќи тите се развиваат многу бргу: кога ќе стаат видливи (i.e. кога ќе се растури околниот околувезден облак од гас и прашина), водородот во средиштето веќе согорува, и со тоа тие се веќе тела од главната низа.
Планети
Планети околу Хербиговите Ae/Be-ѕвезди се:
- HD 95086 b околу бела ѕвезда од главната низа (тип A)
- HD 100546 b околу тип B
Наводи
Извори
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.