From Wikipedia, the free encyclopedia
Хемиско својство или хемиска особина — својство на еден материјал кое се пројавува за време на или по хемиска реакција, т.е. секоја особина која може да се утври само со менување на хемискиот идентитет на супстанцијата.[1] Попросто речено, хемиските својства не можат да се увидат просто со набљудување или допирање на супстанцијата, туку нејзината внатрешна структура мора да биде засегната во голема мера. Кога супстанцијата претрпува хемиска реакција, својствата драстично се менуваат, што води до хемиска промена. Каталитичкото својство исто така е хемиско својство, макар што во тој случај не доаѓа до промени на внатрешната структура на катализаторот.
Овие својства се поинакви од физичките својства, кои се забележуваат без вршење на промени. Меѓутоа, кај многу својства во делокругот на физичката хемија и други дисциплини на границата меѓу хемијата и физиката, разликата е работа на гледиштето на истражувачот. Материјалните својства, било физички или хемиски, може да се претстават како супервентни т.е. споредни во однос на темелната стварност. Можни се неколку слоја на супервентност.
Хемиските својства се корисни за изградбана хемиски класификации. Тие се корисни за распознавање на непозната супстанција, за нејзино одвојвуање и пречистување од други супстанции. Науката за материјалите ги зема хемиските својства на супстанцијата за појдовна точка за нејзината примена.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.