Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Со освојувањето на Александар III Македонски на Исток дошло до ширење на древната македонска и древната хеленска култура кај тамошните поробени народи. Притоа македонската и хеленската култура вршеле влијание врз културата на месното население, а и тие возвраќале со извесно влијание врз нив. Така дошло до мешање на македонската, хеленската и старите источни култури. Новата култура, за разлика од хеленската култура, која била доминантна, се нарекува хеленистичка култура
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Епохата на процутот на хеленистичката култура се нарекува хеленизам, а државите во кои се развивала хеленистичката култура се нарекуваат хеленистички држави.
Хеленистичкиот период започнал од периодот на завојувањата на Александар III Македонски, продолжил во државите создадени по неговата смрт па сè до нивното потпаѓање под римска власт и како крај се смета освојувањето и разорувањето на градот Александрија од страна на Арабјаните 642 година пред н.е.
Народот кој живеел во Македонија во антиката го надживеал своето физичко исчезнување преку делата во матеркалната култура кои ги оставил зад себе. Денес не’ воодушевува нивната оригиналност и изворност. Среќна околност била таа што Македонија се наоѓала во непосредно соседство на Егејско - римската, средоземна цивилизација, што ќе овозможуви постепено и самата да стане нејзин дел.
Денес е мошне тешко, речиси невозможно, процентуално да се одреди етничката слика на Македонија во римскиот период. Секако дека најголемиот дел во класично и хелинистичко време го сочинувале Пајонците и Македонците. Помалку населени биле деловите Македонија со Пенести, Бриги, од елинистичко време со Дарданци, Тракијци. Но, тука биле и доселениците Ориенталци, особено во римската епоха, меѓу кои и евреите со сигурност се потврдени, потоа Сарматите, Готите и уште многу доселеници со разни националности.
Римските легионери колонисти имале различно потекло: шпанско, сириско, северноафриканско, далматинско, италско. На крајот на античката епоха во Македонија сите овие народи биле веќе претопени во една хомогена етничка структура позната како Ромеи. Исплашени пред застрашувачкиот пробив на Аварите и Словените, голем дел од Ромеите ќе се засолнат во сигурноста на мегаплите Солун и Цариград. Но сепак поголем бил делот од нив кој ќе се повлече во високите планински пазуви каде што ќе ги преживува наредните векови, главно со помош на сточарството како основна стопанска дејност.
Низ средниот век Ромеите се познати како Власи, народ кој со тешкотии опстојувал во планините, чувајќи ги длабоко во својата свест ранохристијанските црковни пораки. Токму ова христијанско чувство ќе го спои влашкиот етнички елемент со новодојдениот словенски народ, кој во наредните векови ќе го прифати христијанството.
Хелените создале многу вредни книжевни дела. Најпознати се еповите „Илијада“ и „Одисеја“, кои му се припишуваат на поетот Хомер. Хелените пишувале и лирски песни, во кои ги изразувале личните чувства: љубовта, омразата, радоста, тагата. Театарот имал важна улога во животот на Хелените. Театарските претстави настанале од свеченостите што биле приредувани во чест на Дионис – богот на виното и веселбата. Театарските дела за несреќни настани и со тажен крај се викале трагедии, а делата за весели и смешни настани се викале комедии. Најпознати автори на трагедии биле Ајсхил, Софокле и Еврипид, а најпознат автор на комедии бил Аристофан.
Театарските претстави се одржувале под отворено небо. Публиката во театрите седела на камени седишта, поставени како скали, во облик на полукруг. Глумците играле на подигната сцена, а во долниот, рамен дел на театарот имало хор. Хеленските трагедии и комедии имаат голема уметничка вредност, па затоа и денес се изведуваат во театрите во целиот свет.
Кај Хелените имало мудри луѓе. Тоа биле филозофите, чие име значи „љубители на мудроста“. За разлика од објаснувањата на митологијата и на религијата, тие поинаку ги објаснувале појавите во природата и општеството. Најпознати филозофи биле Сократ, Платон и Аристотел. Хелените оствариле големи постигања и во областа на науката. Особено биле развиени историјата, математиката, градежништвото и медицината. Најпознат историчар бил Херодот, кој бил наречен „татко на историјата“. Мошне ценети историчари биле и Тукидид и Ксенофонт.
Хелените биле добри мајстори и изработиле прекрасни уметнички дела, кои и денес одушевуваат со својата убавина. Најубави градби биле храмовите. Најпознат бил храмот Партенон во Атина. Во храмовите се наоѓале статуи на боговите и на божиците, што ги изработувале вешти вајари. Од вајарските дела најпознати се: Фрлач на диск, Носач на копје и други. Внатрешноста на храмовите и на другите јавни згради била украсувана со слики од митологијата, религијата и од секојдневниот живот на Хелените.
Како и другите народи од тоа време, и Хелените не можеле да ги разберат и објаснат причините за некои појави во природата и во општеството. Тие појави ги објаснувале како невидливи, натприродни и натчовечки сили. Приказните за тие сили, за боговите и за хероите се викаат митови. Сите митови заедно ја сочинуваат митологијата на еден народ. Хелените имале многу богата митологија. Хелените верувале во многу богови. Врховен бог бил Зевс. Тој бил господар на светот, на боговите и на луѓето. Покрај него многу почитувани биле и Хера – божица на небото и жена на Зевс, Аполон – бог на светлината и заштитник на уметноста, Атена – божица на мудроста, Афродита – божица на убавината и многу други. Хелените верувале дека боговите имаат човечки изглед и човечки особини, и дека живеат во убави дворци на врвот на планината Олимп. На своите богови Хелените им граделе храмови, каде што се молеле и им носеле подароци.Хелените верувале и во титани, кои имале натприродна сила, и во херои-полубогови. Најпознат титан бил Прометеј, а најголем херој бил Херакле.
Хелените приредувале разни свечености во чест на боговите. Најпознати биле олимписките игри. Тие се организирале секоја четврта година во чест на богот Зевс. Се одржувале во градот Олимпија на Пелопонес, каде што се наоѓал најпознатиот храм на богот Зевс. По местото на одржување, игрите го добиле и своето име. За време на олимписките игри прекинувале сите непријателства и бил воспоставуван свет мир, што го почитувале сите Хелени. Игрите траеле пет дена. Учесниците се натпреварувале во трчање, скокање, борење, фрлање копје и диск, трки со коњи и други дисциплини. Победниците биле прославувани во цела Хелада како големи јунаци, а како награда на главата им ставале венци од маслинови гранчиња. Првите олимписки игри биле одржани во 776 година пред н.е., а биле укинати во 393 година од н.е.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.