род растенија From Wikipedia, the free encyclopedia
Хелда (науч. Fagopyrum) — род цветни растенија од семејството на троскотите (Polygonaceae).
Хелда | |
---|---|
Обична хелда (Fagopyrum esculentum) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Каранфиловидни |
Семејство: | Троскоти |
Род: | Хелда Mill. |
Видови | |
15-16, вклучувајќи ги:[1]
|
Родот хелда опфаќа 15-16 видови растенија, меѓу кои два претставуваат важни земјоделски култури: обичната хелда (Fagopyrum esculentum) и татарската хелда (Fagopyrum tataricum). Имаат слична употреба и се категоризирани како псевдожитарки бидејќи се користат за иста намена како житарките, но не му припаѓаат на семејството треви (Poaceae).
Во рамките на родот се наоѓаат и следниве питоми видови: повеќегодишната хелда Fagopyrum dibotrys (порано Fagopyrum cymosum),[2] Fagopyrum giganteum и Fagopyrum homotropicum.[3]
Растенијата имаат петливчени цветови распоредени во сложен грозд што даваат снопчиња со странични цветови на врвот од гранчето.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.