Франсис Скот Фицџералд (24 септември 1896 — 21 декември 1940 ) — американски писател кој пишувал романи и раскази. Тој важи за еден од најголемите автори во американската и во светската литературa на 20. век. Тој бил дел од тнр. „Изгубена генерација“, заедно со Ернест Хемингвеј и неколку други познати писатели. Фицџералд напишал пет романи, од кои еден е објавен посмртно, вклучувајќи го и неговото најпознато дело „Големиот Гетсби“. Исто така, тој е автор и на голем број раскази.
Франсис Скот Ки Фицџералд | |
---|---|
Ф. Скот Фитцџералд сликано од Карл ван Вехтен во 1937 | |
Занимање | писател и поет. |
Националност | Американец |
Период | 1920-1940 |
Жанр | фикција |
Книжевно движење | Модернизам |
Животопис
Родителите на Френсис Скот Фицџералд живееле во Сент Пол. По завршувањето на воената служба, тој доживеал тешки денови, борејќи се да оствари материјална благосостојба и да ја добие довербата на родителите на неговата сакана девојка, Зелда. Објавувањето на неговиот прв роман му донела слава и богатство, кои се зголемиле по објавувањето на романот „Големиот Гетсби“ во 1925 година. Но, паралелно со славата, Фицџералд постепено станал зависник од алкохолот. Во 1925 година, тој и Зелда се преселиле во Европа, но неговата книжевна слава почнала да опаѓа. По неуспехот на романот „Нежна е ноќта“ од 1934 година, Фицџералд претрпел нервна криза од која долго време не можел да закрепне. По болеста, во 1937 година се преселил во Холивуд, каде работел како сценарист, но повторно му се препуштил на алкохолот, по што следувале два срцеви удари и како последица на нив, умрел во 1940 година.[1]
Творештво
Фицџералд се појавил на книжевната сцена по Првата светска војна, но на почетокот се борел да постигне книжевно признание. Откако издавачката куќа му го одбила неговиот прв роман, „Оваа страна на рајот“ (This Side of Paradise), тој го преработил во родителскиот дом во Сент Пол и во 1920 година се појавила преработената верзија на романот. Ова дело му донело голема слава и богатство, а романот бил со воодушевување прифатен од американската публика. Потоа, тој објавил бројни раскази кои, исто така, веднаш ја освоиле публиката како со својата книжевна вредност така и со актуелноста. Од овој период потекнуваат збирките „Фраерки и филозофи“ (Flappers and philosophers) и „Приказни од времето на џезот“ (Tales of the jazz age), романот „Убави и проколнати“ (The beautiful and damned) и една драма. Во 1925 година се појавило неговото најпознато дело, романот „Големиот Гетсби“ (The Great Gatsby), кој му донел уште поголема слава и богатство, а потоа се појавила збирката раскази „Сите тажни млади луѓе“ (All the sad young men). Во 1925 година, Фицџералд заминал во Европа, каде се запознал со Ернест Хемингвеј (кој станал негов голем пријател) и со Гертруда Стајн, која го сметала за најталентиран од младите писатели. Во тоа време, на американската книжевна сцена се појавила социјалната книжевност, а Фицџералд, со неговата стара и неактуелна тематика (љубовта, разочараната генерација, тагата итн.) полека паднал во заборав. Во 1934 година, го објавил романот „Нежна е ноќта“ (Tender is the night), кој се продавал многу слабо, како и збирката раскази Taps at Reveille, која забележала малку подобра продажба, но сепак, Фицџералд бил многу далеку од некогашната слава. Во 1937 година, заминал во Холивуд, каде прилично успешно се занимавал со пишување филмски сценарија, а истовремено работел на својот роман „Последниот тајкун“ (The last tycoon), кој останал недовршен.[2]
Вообичаено, Фицџералд е познат како „писател на ерата на џезот“, но погрешно е да се мисли дека тој само верно го сликал своето време, туку во своите дела тој уметнички ја транспонирал епохата во која живеел. Притоа, за разлика од некои други припадници на „изгубената генерација“, материјалот од кој го создавал своето книжевно дело бил американски во вистинската смисла на зборот. Исто така, во споредба со останатите писатели на „изгубената генерација“, Фицџералд имал силно изразен инстинкт за трагичните аспекти на животот и потреба да се идентификува со своите трагични јунаци. Затоа, тој живеел како ликовите од своите дела и изгорел побрзо од другите писатели на неговата генерација.[3]
Библиографија
Романи
- Оваа страна на рајот (1920)
- Убави и проколнати (New York: Scribner, 1922)
- Големиот Гетсби (1925)
- Нежна е ноќта (1934)
- Љубовта на последниот тајкун – (1941, објавен посмртно)
Останати дела
- Збирки раскази
- Flappers and Philosophers (1920)
- Приказни од времето на џезот (1922)
- Сите тажни млади луѓе (1926)
- Taps at Reveille (1935)
- Babylon Revisited and Other Stories (1960)
- The Basil and Josephine Stories
- The Pat Hobby Stories
- Поединечни раскази
- Bernice Bobs Her Hair (1920)
- Head and Shoulders (1920)
- The Ice Palace (1920)
- May Day (Novelette, 1920)
- The Offshore Pirate (1920)
- The Diamond as Big as the Ritz (новела, 1922)
- Winter Dreams (1922)
- Dice, Brassknuckles & Guitar (1923)
- The Freshest Boy (Short Story, 1928)
- "A New Leaf" (1931)
- Babylon Revisited (новелета, 1931)
- Crazy Sunday (1932)
- The Fiend (1935)
- The Bridal Party
- The Baby Party
- The Curious Case of Benjamin Button
Други
- The Princeton Tiger (Humor Magazine, 1917)
- The Vegetable, or From President to Postman (play, 1923)
- The Crack-Up (essays, 1945)
Значење и влијание
- „Мил мој, Скоту“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[4]
Надворешни врски
„Френсис Скот Фицџералд“ на Ризницата ? |
Викиизвор има оригинални дела од или за: F. Scott Fitzgerald |
- Музеј на Ф. Скот и Зелда Фицџералд Архивирано на 21 мај 2008 г. - Монтгомери, Алабама (англиски)
- Анотирана библиографија - на Scott-Fitzgerald.com (англиски)
- Дела од F. Scott Fitzgerald на проектот „Гутенберг“ (англиски)
- Профил на Ф. Скот Фицџералд - на Find A Grave (англиски)
- Текстови и преводи - на narod.ru (руски) и (англиски)
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.