From Wikipedia, the free encyclopedia
Финале на Купот на европските шампиони 1982 — фудбалски натпревар одржан на стадионот „Фејенорд“ (наречен и „Де Којп“) во Ротердам, Холандија на 26 мај 1982 г. кој завршил со победа на англискиот првак Астон Вила над западногерманскиот првак Бајерн Минхен со 1–0. Со ова, Астон Вила за прв (и досега единствен) пат го освоиле Европскиот куп. Ова била шеста европска титула за клуб од Англија.
Финале на Купот на европските шампиони во 1982 година | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Првенство | Куп на шампиони 1981/82 | ||||||
| |||||||
Датум | 26 мај 1982 | ||||||
Стадион | Фејенорд, Ротердам | ||||||
Играч на натпреварот | Питер Вит (Астон Вила) | ||||||
Судија | Жорж Конрат (Франција) | ||||||
Гледачи | 46.000 | ||||||
Временски прилики | ведро | ||||||
Астон Вила | Круг | Бајерн Минхен | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Противник | Збир. | Прв натп. | Втор натп. | Противник | Збир. | Прв натп. | Втор натп. | |
Валир | 7–0 | 5–0 Д | 2–0 Г | Прв круг | Естерс | 6–0 | 1–0 Г | 5–0 Д |
Динамо Берлин | 2–2 (г) | 2–1 Г | 0–1 Д | Втор круг | Бенфика | 4–1 | 0–0 Г | 4–1 Д |
Динамо Киев | 2–0 | 0–0 Г | 2–0 Д | Четвртфинале | Университатеа Крајова | 3–1 | 2–0 Г | 1–1 Д |
Андерлехт | 1–0 | 1–0 Д | 0–0 Г | Полуфинале | ЦСКА Софија | 7–4 | 3–4 Г | 4–0 Д |
Натпреварот бил огромно постигнување за Тони Бартон како тренер, бидејќи ова му била прва сезона во тоа својство. Настапил во ова својство пред четвртфиналето по случајност, поради неочекуваното напуштање на дотогашниот тренер на Астон Вила, Рон Сондерс.
Еден од повпечатливите моменти во финалето се случил кога по 10 минути ветеранскиот голман Џими Ример се здобил со повторна повреда на рамото. Него го заменил Најџел Спинк, кому ова му било само втор настап како клупски голман на поголемо натпреварување. Спинк ги спречил сите обиди за гол на Бајерн Минхен, за што добил високи оценки и станал главен голман на Астон Вила во наредните 10 сезони.
Друг впечатлива случка е кога Бајерн Минхен успеале да ја внесат топката во голот во последните три минути, но голот бил досуден како офсајд. Истото им се случило на Астон Вила неколку секунди пред крајот на натпреварот, но овој втор гол бил отфрлен од судиите.
Како бранител на европската шампионска титула, Астон Вила учествувале во следната сезона на Европскиот куп, Европскиот суперкуп и Интерконтиненталниот куп. На следниот Европски куп, Астон Вила успеле да ја задржат титулата сè до четвртфиналето, кога изгубиле од Јувентус. Ги победиле Барселона со збирен резултат од 3–1, така освојувајќи го Суперкупот, но изгубиле со 2–0 од уругвајскиот клуб Пењарол на Интерконтиненталниот куп во Токио, Јапонија.
26 мај 1982 г. 20:15 ч. CEST |
Астон Вила | 1–0 | Бајерн Минхен | Фејенорд, Ротердам Гледачи: 46.000 Судија: Жорж Конрат (Франција) |
---|---|---|---|---|
Вит 67' | Извештај |
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.