From Wikipedia, the free encyclopedia
Филип Супо (француски: Philippe Soupault, роден на 2 август 1897 во Шавил - починал на 12 март 1990 во Париз) — француски писател, романописец, критичар и политички активист, приврзаник на движењето надреализам.
Филип Супо е роден на 2 август 1897 во Шавил, Франција.
Филип Супо бил активен во дадаизмот и подоцна го основал надреалистичкото движење со Андре Бретон. Супо го иницирал периодичното списание „Littérature“ заедно со авторите Андре Бретон и Луј Арагон во Париз во 1919 година, време кое за многумина го означува почетокот на надреализмот[1] . Првата негова книга, „Les Champs magnétiques“ (1920), била заедно напишана со Бретон. Во 1927 Супо, со помош на неговата сопруга Мари Луиз, го превел делото од Вилијам Блејк, „Песни на невиноста и искуството“ на француски јазик. Следната година Супо објавил монографијата од Блејк, тврдејќи дека поетот бил таков генијалец чија работа се очекувала да се распространи во надреалистичкото движење во литературата[2]. Во периодот од 1937 до 1940 година работел во Радио Тунис, кога бил уапсен од страна на режимот на Вишиевска Франција, но успеал да побегне во Алжир.
Филип Супо подоцна отпатувал за САД, каде се задржал до крајот на Втората светска војна, кога во октомври 1945 година се вратил во Париз[3]. Во 1957 година тој го напишал либретото за операта на Жермен Тајфер, „La Petite Sirène“, врз основа на приказната на Ханс Кристијан Андерсен, „Малата сирена“.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.