Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Филип Атанасов (Смрдеш, Костурско, Егејскиот дел на Македонија - 1956, СССР) ― лекар, припадник на федералистичкото крило на ВМРО.[1][2]
По Првата светска војна се вклучил во активностите на македонската емиграција во Софија и се залагал за обединување на македонските револуционерни сили. Во октомври 1920 година, на Вториот собор на Сојузот на македонските братства бил избран за член на Привремената комисија, која се застапувала за обединување на македонските братства во Бугарија. Со формирањето на МФО, станал член на нејзиното раководство и потписник на Тиранскиот протокол во декември 1921 година. Во списанието „Балканска федерација“, во броевите 7 и 8 од 1924 година, Филип го изразил мислењето дека обединетото македонско движење поткрепено од македонскиот народ народ, ќе води борба како со непријателите така и со поробувачите на Македонија.[2]
Истата 1924 година, бил принуден да емигрира во Виена, каде што се вклучил во основањето на ВМРО (Обединета). Припаѓал на националнофедералистичката струја на оваа организација. За време на Втората светска војна се вратил во Софија, каде што заедно со Павел Шатев работеле за советската разузнавачка служба. По војната емигрирал во Советскиот Сојуз (денешна Русија).[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.