месечина на Сатурн From Wikipedia, the free encyclopedia
Фенрир (старонордиски: Fenrir) или Сатурн XLI (привремена ознака S/2004 S 16) — месечина на планетата Сатурн. Откриена е од Скот Шепард, Дејвид Џуит, Џен Клина и Брајан Марсден на 4 мај 2005 г. од набљудувања направени помеѓу 13 декември 2004 и 5 март 2005 г. Има привидна величина of 25,[4] што ја прави една од најслабите по сјајност во Сончевиот Систем, и откриена е со најголемите телескопи на светот.[1] Месечината е толку темна[5] што не успеало да ја забележи дури ни вселенското летало „Касини“ кога кружело околу Сатурн (и таму не достигнува привидна величина поголема од 17). Наречена е по џиновскиот волк Фенрир од нордиската митологија, татко на Хати и Скол, син на Локи, кому е судено да ги раскине своите окови за Рагнарок.
Откривање[1] | |
---|---|
Откритие во | телескоп „Субару“, опсерваторија „Џемини“ |
Ознаки | |
Наречена по | митскиот волк Фенрир |
S/2004 S 16[1][2] | |
Орбитални особености[3] | |
22.454.000 км | |
Занесување | 0,1363 |
1260,35 д (3,45 г) | |
146,614° | |
Наклон | 164,955° |
330,95° | |
120,264° | |
Месечина на | Сатурн |
Физички особености | |
Албедо | 0,04 (претпоставено)[1] |
25,0[4] | |
Месечината има пречник од 4 км[4] и кружи околу Сонцето на просечно растојание од 22.454 Мм за период од 1.260 дена со наклон од 163° кон еклиптиката (143° кон Сатурновиот екватор) и занос од 0,136. Орбитата ѝ е повратна: кружи околу Сатурн во насока обратна од сопственото вртење, што укажува на тое дека оваа неправилна месечина била зафатена од Сатурн.[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.