Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фанула Папазоглу — (3 февруари 1917 – 26 јануари 2001 ) — македонски и југословенски класицист, епиграф и академски работник, стручњак по древната историја на Балканот.
Фанула Папазоглу | |
---|---|
Роден(а) | 3 февруари 1917 Битола, Царство Бугарија |
Починал(а) | 26 јануари 2001 83) Белград, Србија | (возр.
Живеалиште | Белград |
Националност | Југословенка народност: Влаинка |
Полиња | древна историја, класицистика |
Образование | Белградски универзитет |
Сопружник | Георгиј Острогорски |
Родена е во 3 февруари 1917 г. во Битола во погрчено влашко семејство, каде што го завршува средното образование. Студира на Филозофскиот факултет во Белград класична филологија со историја на стариот век и археологија (1936-1941 г). За време на Втората светска војна, како член на студентската организација учествува во Народноослободителното движење од самиот почеток. Од октомври 1942 до април 1943 г. е затворена во логорот на „Бањица“, а во септември 1944 г. преминува илегално во Срем.
Од мај 1945 г. живее во Белград, работи во Министерството за информации. Во 1946 г. диломира на Филозофскиот факултет. Во 1947 е избрана за асистент, а во 1949 за предавач на Катедрата за историја на стариот век. Докторирала 1955 г.и е избрана за доцент, а во 1960 г. за вонреден професор и шеф на Катедрата. За редовен професор е избрана во 1965 г. а подоцно и за академик. Целиот свој работен век д-р Фанула Папазоглу го поминува во Белград како професор по античка историја на Грција и Рим, грчка и латинска епиграфија и нумизматика, но таа е тесно поврзана и со Македонија, а особено активно соработува со списанието „Жива Антика“ од неговиот прв број (1951). Предметот на нејзиниот научен интерес е историјата на Стара Грција и Рим од најстариот период до византиско време, потесно – историјата на старобалканските племиња, а особено политичката, културната и економската историја на античка Македонија, и тоа строго врз основа на критичко проверени книжевни, археолошки, епиграфски и нумизматички извори. Проф. Фанула Папазоглу има објавено опширни и мошне квалитетни студии за сите, доскоро малку познати палеобалкански племиња, но во центарот на нејзините научно-истражувачки преокупации е Македонија од периодот на римската доминација, во текот на околу 700 години.
Инаку, со свои оригинални прилози акад. Папазоглу има учествувано на многубројни научни собири од областа на епиграфијата, археологијата и античката историја, особено на старобалканските племиња. Држела предавања и на повеќе универзитети во светот. За постигнатите научни резултати има добиено и многу високи признанија. Во 1974 г. е избрана за дописен член на САНУ, а во 1982 г. и за нејзин редовен член. Член е и на АНУБиХ. На 21 април 1994 г. на предлог на Одделението за лингвистика и литературна наука и на Одделението за општествени науки е избрана за член надвор од работниот состав во Одделението за општествени науки на МАНУ. Била е член на Германскиот археолошки институт, била почесен доктор на науки на Сорбона и член на Филолошкото друшство "Парнасос" од Атина. На Универзитетот во Белград, Папазоглу се запознава, а подоцна и стапува во брак со византологот Георгиј Острогорски. Умира во Белград во 2001 г.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.