Фалсерберг
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фалсерберг (холандски: Vaalserberg) — рид на југоисточниот крај на Холандија кој претставува највисокото место во земјата. Висок е 322,7 м[1] и се наоѓа во гратчето Валс (по кој го добил името) во покраината Лимбург. Најблизок град е Ахен (Германија), на далечина од околу три километри.
Фалсерберг | |
---|---|
Vaalserberg | |
Поглед на Валсенберг од Ахен | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 322,7 м NAP |
Координати | 50°45′17″N 6°01′15″E |
Име | |
Превод | Валшка Планина (македонски) |
Географија | |
Место | Лимбург, Холандија |
Покраина | NL |
Ридот е највисок во европска Холандија, но не и во државата. Највисоко место во целото Кралство Холандија е Маунт Синери (887 м) на карипскиот остров Саба во состав на Холандските Антили.
Во врвот на Валсеберг се среќаваат границите на Германија, Белгија и Холандија и затоа се нарекува „тромеѓа“ (хол. Drielandenpunt; гер. Dreiländereck; фр. Trois Frontières).
Во периодот од 1830 до 1919 г. врвот бил четворомеѓа, граничејќи се и со неутралниот кодоминиум Морсенет.
Поради тромеѓата, Фалсерберг е познато туристичко место во Холандија. На белгиската страна е изградена кула наречена „Бодуенова кула“ (хол. Boudewijntoren; фр. Tour Baudouin) која служи како видиковец. На германска страна се протега природен резерват. Од германска страна се издига „Вилхелминина кула“ (Wilhelmina-Turm).
По Фалсерберг често се одвива друмската велосипедистичка трка „Амстел Голд Рејс“ (анг. Amstel Gold Race), каде тој претставува средина на патеката.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.