Фагот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фагот е најголемиот дрвен дувачки инструмент.[1] Своето име го добил по својата градба. Тој бил развен во првата половина на XVI век од стариот инструмент бомбарда и неговото усовршување било завршено во XIX век.
Овoј инструмент има дрвена цевка долга околу 2.5 метри поделена на делови што се поврзуваат. Во пократкиот горен дел на цевката е вметнато метално цевче со дупло јазиче од трска во кое се дува при што се создава тон.
Фаготот има отвори долж цевката и сложен механизам на лостови и клапни. Опфаќа голем тонски опсег во длабокиот и средниот регистер.

Длабоките тонови му се јаки но не се многу природни. Во високите регистрира звучни меко и распеано слично на саксафонот.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.