Уво — орган за слух и рамнотежа од обете страни на главата. Само дел од увото е видлив, а остатокот е заштитен со коските на черепот. Тие ја вршат функцијата во пар — ги собираат звучните треперења и ги претвораат во сигнали кои се пренесуваат во мозокот, овозможувајќи ни да слушаме.

Thumb
Градба на увото кај човекот
Thumb

Градба на увото

Thumb
Ушна школка

Кај човекот, увото се состои од три основни дела: надворешно (auris externa), средно (auris media) и внатрешно уво (auris interna).

Надворешно уво

Надворешното уво се состои од ушна школка (auricular) и канал.

  • Ушната школка е кожен орган кој содржи ’рскавична плочка.
  • Ушниот канал е долг околу 3 см кој се протега до мембранозниот ѕид на cavum tympani.

Средно уво

Средното уво е составено од ушно тапанче и три минијатурни коски. Централниот дел на средното уво е тапанската празнина. На предната страна се наоѓа слушната туба која го поврзува средното уво со носниот дел на голтникот, а зад тапанската празнина се наоѓа antrum mastoideum et cellulae mastoidea (мастоидна пештера и мастоидна клетка).

Внатрешно уво

Внатрешното уво се наоѓа во пирамидниот дел на слепоочната коска, меѓу нејзината внатрешна и надворешна страна, на која постојат отвори за комуникација со cavum tympani, т.е. meatus acusticus internus. Составено е од лавиринти и полжав.

  • Лавиринтите се делат на: коскен лавиринт и мембранозен лавиринт.
  • Полжавот (cochlea) претставува спирален коскен канал долг 30 мм, свртен околу својот стожер 2 пати. Средното уво е изградено од три дела: чеканче, наковална и узенгија.

Функции

Ушната школка ги насочува звуците во слушниот канал. Звучните бранови се одбиваат од цврстото тапанче терајќи го да трепери. Трите ковчиња на средното уво ги засилуваат треперењата и ги насочуваат кон ушното тапанче. Додека ушното тапанче трепери, течноста поминува преку влакненцата во полжавот кој тие треперења ги претвора во нервни сигнали. Тие со слушниот нерв патуваат до слепоочниот дел од черепниот (големиот) мозок каде се обработуваат.

Секогаш кога телото ќе се придвижи, течноста наречена перилимфа патува низ трите полукружни канали. Малечките влакненца ги чувствуваат тие движења и праќаат сигнали во мозокот јавувајќи му за положбата на телото. Со тоа му помагаат на телото да ја одржува својата рамнотежа.

Жлездите сместени во кората која го прекрива ушниот канал ја создаваат ушната маст, која го штити ушното тапанче од прав и валканици, а нејзиниот непријатен мирис ги одвртува инсектите од навлегување во увото.

Јачината на звукот се мери со децибели. Звуците чијашто јачина поминува 90 децибели предизвикуваат тешкотии и болки во човечкото уво. Звуците чијашто јачина преминува 130 децибели можат да го оштетат увото и да предизвикат глувост. Внатрешниот дел е најсложен и најважен во увото. Тој е составен од три простори. Внатрешниот дел на увото е наречен коскен лавиринт, кој има 3 дела. Едниот е предворие, кој се наоѓа веднаш зад овалното проорче. Вториот дел е наречен полжав, а третиот е составен од три полукружни канали поврзани со две торбички. Во сите три дела има течност наречена перилимфа. Полжавот е коскена цевка, што личи на куќичка на полжав која исто така е исполнета со течност наречена ендолимфа. Органот за слушање, наречен орган на Корти, има рецептори што се поврзани со нервните влакна на слушниот нерв. Овој орган е сместен на внатрешната страна на полжавот.

Занимливости

  • Стременот е најмала коска во човечкото тело која е долга само 3 мм.
  • Чувството дека ушите ни се „одзатнале“ е предизвикано од отворањето на Евстахиевата труба за да се изедначи притисокот на средното уво.
  • Ушниот канал е долг 2,5 см.
  • Ушите можат да го утврдат правецот од кој допира звукот со распон на грешка до три степени.
  • Децата вообичаено имаат почувствителен слух од возрасните.
  • Ушите можат да разликуват 1500 различни тонови и 350 нивоа на јачина на звукот.

Увото како тема во уметноста

  • „Балада за долгите уши“ — песна на македонскиот поет Славко Јаневски.[1]
  • „Во увото на една девојка“ (шпански: Al oido de una muchacha) — песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[2]
  • „Ушен восок“ (англиски: Ear Wax) — песна на британската рок-група Баухаус од 1982 година.[3]

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.