Умово
село во Општина Студеничани From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Студеничани From Wikipedia, the free encyclopedia
Умово — целосно раселено село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, јужно од градот Скопје. Селото е иселено и според пописот од 2002 година нема жители.
Умово | |
Координати 41°52′5″N 21°25′42″E | |
Општина | Студеничани |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 25136 |
Надм. вис. | 775 м |
Умово на општинската карта Атарот на Умово во рамките на општината | |
Умово на Ризницата |
Селото се наоѓа во Скопската Котлина, во областа Торбешија.
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 25 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 60 мажи муслимани, со 3 новороденчиња. Било забележано дека двајца мажи со семејствата тазе се доселиле во селото. Се проценува дека селото во тој период имало 130 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 332 жители.[3]
Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 425 жители муслимани (Македонци).[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 700 Македонци.[5]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот од 2002 година, во селото Умово немало жители. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 425 | — | 783 | 825 | 64 | 17 | 35 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Умово било торбешко село.
Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:
До 1950 година од селото имало иселено 29 семејства во Скопје, и во Турција 32 семејства.[10] Од тогаш до денес има уште повеќе иселеници, со што денес селото е целосно иселено.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.