УНИВАК-I

From Wikipedia, the free encyclopedia

УНИВАК-I

УНИВАК-I (анг. UNIVAC I = UNIVersal Automatic Computer = Универзален автоматски сметач) — првиот комерцијален сметач направен во САД. Тој бил дизајниран од Џ. Преспер Екерт и Џон Маухли, пронаоѓачите на претходниот сметач ЕНИАК. Дизајнот го започнала нивното претпријатие „Екерт-Маухли“, а го завршиле во компанијата „Ремингтон Ранд.“, откако последнава го купила нивната компанија во 1950.

Thumb
УНИВАК I во една осигурителна компанија.

Првиот УНИВАК I бил испорачан на Бирото за попис на САД на 31 март 1951 г, а бил пуштен во работа на 14 јуни истата година.

Вкупно биле произведени 46 машини по цена од над еден милион долари секоја. УНИВАК бил првиот „масовно“ произведуван сметач: сите претходни биле експериментални или универзитетски поединечни примероци.

УНИВАК I користел 5.200 електронски цевки и трошел 125 киловати електрична енергија. Користел живина меморија на која можеле да се сместат 1.000 зборови од по 11 децимални цифри и знак (што е еквивалентно на 72-битен збор). Ова е приближно еднакво на 8,8 килобајти. За разлика од некои тогашни машини што користеле перфорирани картички, УНИВАК користел метална магнетна лента како влезна единица.

Петтата произведена машина која била инсталирана во Комисијата за енергетика на САД ја користела телевизијата ЦБС за да го предвиди исходот од претседателските избори во САД во 1952. Со примерок од само 1% од преброените гласови, сметачот исправно предвидел дека ќе победи Ајзенхауер (ова се должи повеќе на програмирањето и на избраниот примерок, отколку на самиот сметач, иако за тоа време било вистинско чудо!).

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.