Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Роза[1], ружа[2], трендафил[3] или ѓул[4] (латински Rosa) е растение од родот на дрвенести билки, од фамилијата „Rosaceae“. Розите се одгледуваат заради убавиот мирис на цветовите, така што се создадени бројни хибридни видови рози. Постојат голем број диви рози, чии плодови се богати со витамин Ц. Покрај како украсно цвеќе, розите се користат и во: козметиката, медицината и готварството.
Листовите на розата се наизменично поврзани на стеблото. Кај повеќето видови, листот е долг 5-15 сантиметри. Повеќето рози се листопадни, но постојат и некои видови (најчесто од Југоисточна Азија) кои се зимзелени или речиси зимзелени билки.
Според родот, розите се делат на:
Во козметиката, розата најмногу се користи како етерично масло или за мирис (екстракт) кое се додава во парфеми, шампони или разни креми.
Во готварството, розата често служи како зачин, но во некои краеви (Бугарија) се прави слатко или џем од роза.
Розата (особено дивата роза) се користи за подготовка на чај, а некои состојки од розата се користат за правење лекови.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.