Точено пиво
From Wikipedia, the free encyclopedia
Точено пиво — пиво кое се вади од буре за пиво, генерално преку систем со помош на боца за гас. Овој систем подеднакво добро се приспособува на металните пивски буриња како и на дрвените. Точеното пиво долго време било расположливо само во баровите и другите шанкови за алкохолни пијалаци кои располагале со професионална опрема.
Заради својата свежина многумина претпочитаат точено пиво, но точењето бара поголема грижа за хигиената (точеното пиво минува низ различни цевки и вентили што може да му го измени оригиналниот вкус и мирис[1].
Консумирање
Точеното пиво треба да се чува и служи на температура од 12 °C. Кога еднаш бурето ќе се отвори истото треба да биде консумирано во рок од 3 дена.
Галерија
- Точење на домашно пиво во Македонија
- Точење на домашно пиво во Пивница „Стар Град“
- Точење на домашно пиво во Пивница „Стар Град“
- Славини за точено пиво во кафе во Брисел
- Типично буре за пиво од 50 литри кое се отвора во центарот на горниот дел
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.