Тодор Нешков
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тодор Стојанов Нешков ( 1918 Кучевиште, Скопско ― 1944 во Црна Трава, Србија) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Тодор Нешков | ||
Роден | 1918 година Кучевиште, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | јуни, 1944 година Црна Трева, Србија жив запален од бугарските фашисти | |
Почивалиште | Црна Трева |
Произлегува од многу бедно семејство. Се занимавал исклучиво со земјоделство. Окупацијата го затекнала во редовите на бившата Југословенска војска, каде го служел редовниот воен рок. По капитулацијата на бивша Југославија се вратил во родното село. Во почетокот на 1942 година бил мобилизиран во бугарската фашистичка армија. Меѓутоа, бргу фатил врска и избегал во партизани. Во февруари 1942 година стапил во јужно-моравските ослободителни единици. Учествувал во борбите против бугарските окупаторски единици. Во јуни 1944 година бил заробен со уште неколку партизани по една борба кај Црна Трава. По заробувањето, бугарските фашисти постапиле многу брутално и нехумано, без да им се суди ги ликвидирале. Ги полиле со бензин и живи ги запалиле. Изгорените останки биле закопани на местото каде што бил запален, заедно со другите соборци.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.