Тичино
кантон во Швајцарија From Wikipedia, the free encyclopedia
кантон во Швајцарија From Wikipedia, the free encyclopedia
Тичино (италијански: Ticino) е еден од кантоните во Швајцарија. Тичино е најјужниот кантон во федерацијата и единствен кантон каде само италијанскиот е службен јазик. Името на кантонот потекнува од реката Тичино. Тичино со граничи со Ури на север, Вале на запад, Граубинден на североисток и со Италија на југ. Во самиот кантон се наоѓа италијанската ексклава Кампионе д’Италиа. Тичино, заедно со делови од Граубинден, ја сочинуваат т.н. Италијанска Швајцарија.
Cantone Ticino | ||
---|---|---|
кантон во Швајцарија | ||
| ||
![]() | ||
Координати: 46°19′N 8°49′E | ||
Главен град | Белинцона | |
Најголем град | Лугано | |
Поделба | 157 општини, 8 окрузи | |
Управа | ||
• Извршна | Совет на Тичино (5) | |
• Законодавна | Голем совет на Тичино (90) | |
Население (Грешка: погрешен формат за време)[1] | ||
• Вкупно | 336,943 | |
Највисока точка | 3,402 м (11,161 ст) - Адула | |
Најниска точка | 195 м (640 ст) - Маџоре | |
Приклучување кон Конфедерацијата | 1803 | |
Кратенки | TI | |
Јазици | италијански | |
Мреж. место | TI.ch | |
Тичино се наоѓа во јужниот дел на Швајцарија и е опколен од Италија од исток, запад и југ. На север се наоѓаат швајцарските кантони Вале, Ури и Гаубинден. Тичино има вкупна површина од 2.812 км2, од кои 3 четвртини се сметаат за продуктивни.[2] Со шума е зафатена третина од територијата на кантонот. Во кантонот се наоѓаат езерата Маџоре и Лугано. Најголема река во кантонот е реката Тичино.
Кантонот Тичино е поделен на 8 окрузи:
Кантонот е составен од 157 општини, според состојбата до 2010 година. Општините се групирани во подокрузи, а подокузите во окрузи.
Вкупното население на кантонот, според податоците за 2010 година, е 333.753 жители. Според податоците од 2007 година, во кантонот имало 82.794 странци или 25.2% од вкупното население[3]. Густината на население на кантонот е 114.6 лица на километар квадратен.[2] Во 2000 година, 83.1% од населението зборувале италијански, 8.3% зборувале германски и 1.7% зборувале српскохрватски.[2] Околу 76% од населението се Католици и 7% Протестанти.[4] Единствен службен јазик е италијанскиот.
Во кантонот се издаваат четири дневни весници на италијански јазик: Corriere del Ticino, laRegione Ticino, Giornale del Popolo и Il Grigione Italiano.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.