римски поет и филозоф From Wikipedia, the free encyclopedia
Тит Лукрециј Кар (латински: Titus Lucretius Carus, 94 п.н.е.-54 п.н.е.) — староримски поет и философ.
За неговиот живот нема многу податоци, но се знае дека извршил самоубиство на возраст од 44 години.[1]
Тит Лукрециј Кар бил најдобар од т.н. дидактички поети. Тој е автор на недовршениот еп во шест книги „За природата на нештата“ (De rerum natura). Во првата и во втората книга е изложена физиката, во третата и во четвртата антропологијата, а во последните две космологијата. Основната цел на Лукрециј Кар била да го ослободи човештвото од религиските грижи, а особено од стравот од смртта. Затоа, ова дело се смета за најхуманиот еп во светската книжевност, а сè до 19 век служел како оружје во борбата против верските заблуди и предрасуди. Во делото е изнесено целокупното учење на Епикур за атомите, за душата, за човекот, за боговите, а на крајот се наоѓа опис на атинската чума, направен според описот на Тукидид. По неговата смрт, епот го објавил Цицерон.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.