хрватски поет From Wikipedia, the free encyclopedia
Тин Уевиќ (хрватски: Tin Ujević; 5 јули 1891 – 12 ноември 1955) — хрватски поет, еден од најголемите поети на Хрватска и просторите на поранешна Југославија.
Тин Уевиќ Tin Ujević | |
---|---|
Тин Уевиќ околу 1940 г. | |
Роден/а | Августин Уевиќ 5 јули 1891 Вргорац, Далмација, Австроунгарија |
Починат/а | 12 ноември 1955 64) Загреб, СР Хрватска | (возр.
Занимање | поет |
Јазик | српскохрватски, хрватски |
Националност | Хрват |
Значајни дела | Lelek sebra Kolajna Auto na korzu Ojađeno zvono Žedan kamen na studencu |
Потпис |
Уевиќ е роден во гратчето Вргорац, Далмација и пораснал во Имотски, Макарска и пократок период во Загреб, каде примил влијанија од кружокот на Антун Густав Матош. Завршил гимназија во Сплит, па за време на Првата светска војна провел извесно време во Франција. Студирал во Белград, каде ја поминал најплодната деценија на своето творештво. Работел како политички деец за југословенската идеја (1912–1916), а потоа ја напуштил политиката и се оддал на уметнички живот на боемски талкач низ Белград, Сараево, Мостар, Сплит и Загреб. Во меѓувреме членувал и во француската Легија на странци.
Се истакнал на три полиња: како преведувач, есеист, фељтонист и поет. Превел голем број поетски дела, романи и раскази на српски и хрватски: Волт Витман, Марсел Пруст, Џозеф Конрад, Бенвенуто Челини, Џорџ Мередит и други. Напишал преку десет книги со есеи, поезија во проза и осврти, но највеќе се истакнат со својот монументален поетски опус.
Откако станал темелен познавач на сета западна поезија (од Данте Алигиери и Гете до Шарл Бодлер, Артур Рембо, Витман и Езра Паунд) и сите хрватските поетски великани (како Марко Марулиќ и Иван Гундулиќ), Уевиќ создал свој неповторлив протејски стил кој се одликува со велелепност. Обработувал секакви тематики, од пантеистичкиот мистивизам до скромната христијанска духовност, чествувајќи ја телесноста и занесното единство на човечкото и вончовечкото, внатрешни осврти и размисли. Г претставувал Совремието, со својата технолошка опседнатост во бурлескна иронија, навраќајќи се на идилата на далматинските села. Ја обработувал и еротската природа на човекот, како и неговата препуштеност на судбината. Со сето ова, поезијата на Уевиќ се одликува со еден многуобразен поглед кон животот и мешавина од спротивставени традиции, од средоземниот идеал на хармоничка убавина до современ егзистенцијалистички поглед, срочени во стихоби со длабока проникливост и големо мајсторство.
Уевиќ работел како преведувач во државните установи на Независната Држава Хрватска и продолжил да објавува материјали. Поради ова, повоениот режим неколку години му забранил да ја продолжи писателската кариера.[1][2] Починал на 12 ноември 1955 г. и погребан е на гробиштата Мирогој во Загреб.[3]
Во Хрватска има вкупно 122 улици со неговото име, и со тоа Уевиќ на деветтото место меѓу личностите по бројот на улици наречени во нивна чест.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.