From Wikipedia, the free encyclopedia
Тестаментот на Орфеј (француски: Le testament d'Orphée, ou ne me demandez pas pourquoi!) е француски филм од 1960 година, во режија на Жан Кокто, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Жан Кокто, Анри Кремје, Клодин Огер, Едуар Дермит, Лусиа Босе, Марија Касарес, Франсоаз Кристоф, Јул Бринер, Шарл Азнавур, Жан Мара, итн. Исто така, во филмот се појавуваат и: Брижит Бардо, Франсоаз Саган, Пабло Пикасо, Роже Вадим и други познати личности.[1]
Поетот Кокто (го игра Кокто) е заробен низ просторот и времето. Тој доаѓа од 18 век во сегашноста и го посетува професорот Лангевин (го игра Кремје), кој пронашол куршуми што се движат со брзина поголема од брзината на светлината. Професорот го убива поетот и тој се враќа во сегашноста. Потоа, тој посетува група Цигани, а една жена од огнот ја спасува фотографијата на Сежест (го игра Дермит) - лик од филмот на Кокто. Кокто ја кине фотографијата и ја фрла во морето, но оттаму се појавува воскреснатиот Сежест, кој го води Кокто на судење, на кое поетот е осуден на живот. Потоа, Сежест го остава Кокто меѓу едни урнатини и таму божицата Атена го убива Кокто, но тој повторно станува и додека заминува здогледува ангел и Едип (го игра Мара).[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.