културна установа во Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Театар Куманово — театар во Куманово. Тој е под надлежност на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Театарот во 2022 година | |
Основана | 1 септември 1961 |
---|---|
Вид | театар |
Матична организација | Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово |
Мреж. место | Матична страница |
Во 1920тите години била основана драмска секција при КУД „Абрашевиќ“. Во тој период таа драмска секција ги изведувала делата „Жртва на капиталот“ и „Рудари“ напишани од тогашниот професор во гимназијата во Куманово, Милан Мијалковиќ, потоа „На дното“ од Максим Горки и други.[1]
Во декември 1944 година, на иницијатива на љубителите на драмската уметност бил создаден Градскиот аматерски театар. Првото претставување било прикажано на самиот плоштад (некогашна Тумба) и тоа претставата „Ние сме ќорите“. Театарот се здобил со сопствена зграда во 1947 година. Местото каде што требала да се изгради сцената и припаѓало на Ленче Владиќ, вдовица на љубителот на драмска уметност Леонид Владиќ, која со задоволство дозволила да биде изградена сцена на местото на кое живеела. На оваа сцена прво била прикажана комедијата „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски, а потоа и „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ, „Житата зреат“ од Мокрев, „Водата од планината“ од Раша Плаовиќ и др.[1]
Со одлука на Народниот одбор на Општина Куманово од 1 јануари 1948 година, Театарот започнал да работи како полупрофесионален. Првите професионални глумци во Театарот биле: Ѓоко Николовски, Петар Тасевски, Киро Крстевски, Митко Кировски, Рада Сарева и Вера Петрушевска.[1]
На 15 јули 1948 година, започнала со работа Професионалната театарска куќа, со уметнички ансамбл од петнаесет глумци. Во пригодно приспособен сценски простор биле остварени вкупно 31 премиерна изведба, со над осумстотини претстави. По 7 години работење Професионалната театарска куќа била затворена од властите. По затворањето на ова глумечко тело театарската дејност во Куманово ја изведувал Македонскиот народен театар.[1]
На 1 септември,[2] 1961 година, лицата Драгољуб Димовски, Душко Петровски, Ѓоко Николовски и др., со поткрепа на општинските структури на тогашната власт, придонеле повторно да се роди и да заживее театарска куќа во Куманово. Откако бил приспособен сценскиот простор, каде Театарот и сега постои, и откако била направена задодоволителна структура од млади глумци од Куманово, глумци од други театарски куќи, како и глумци од претходниот состав. За само три-четири театарски сезони, откако биле направени квалитативни промени во глумечкиот состав со доведување нови имиња, како Ацо Ѓорчев, Милојка Ковечевиќ, Димитар Костов, Кирил Андоновски и др.[1]
На крајот на ова деценија, добар дел од глумечкиот состав го напуштил театарот, заминуваќи пред се во скопските театри, што довело до трајно опаѓање на продукцијата и намалување на претходно стекнатиот квалитет. Но, прикажаните седумдесет и пет премиери за десет години, односно илјада триста триесет и седум претстави и посетеност од вкупно 439,526 посетители.[1]
Откако две-три години на почетокот на седумдесетите години биле изгубени во внатрешни недоразбирања, на репертоарот на кумановскиот театар бил отстапен повеќе простор за македонска драма и за само пет сезони, дела од македонски автори биле поставени два пати повеќе, отколку за целиот период по ослободувањето.[1]
Во текот на осумдесетите години била надминат дефицитот на глумците. Била вработена речиси цела класа завршени академски глумци од Факултетот за драмски уметности, бројката била зголемена на шеснаесет глумци, а тоа придонело и за подобрување на целокупното работење во Театарот, како и за посоодветна репертоарска политика.[1]
Во првата половина на осумдесетите години со 723 изиграни претстави, Народниот театар од Куманово бил веднаш зад Драмскиот театар од Скопје (1142) и МНТ (830).[1]
Поради недоразбирања со службените органи на власта и партиски структури, било сменето раководството во театарот и во втората половина на осумдесетите години дошло до повторно згаснување на театарот, при што дошло до опаѓање на премиерни изведби, а со тоа и до опаѓање на вкупниот број прикажани претстави, речиси за половина, па биле одиграни 375 претстави. Дошло и до престанок на работа и повторно затворање на театарот.[1]
По затворањето на кумановскиот театар во 1989 година, со глумечкиот ансамбл од само осум членови и речиси без сценска техника и руинирана театарска зграда ставена вон употреба, за среќа без поголема пауза, со помош на тогашните општински структури, враќањето на Томислав Спасовски на чело, тој заедно со помошта на Ристо Стефановски, на 8 мај 1990 година повторно ја кренале завесата на театарот со претставата „Црна“ од Богомил Ѓузел, во режија на Љубиша Георгиевски.[1]
По пет години од повторното создавање и започнување со работа, биле прикажани дваесет и осум премиери, петстотини и седум репризни прикажувања и 84,933 посетители.[1]
Од 2004 година Народниот театар Куманово станал дел од НУ Центар на култура „Трајко Прокопиев“.[3] И Центарот на култура, и Театарот се наоѓаат на поранешните места, па во тој период претставите биле остварувани и репризирани во Театарот, освен фестивалот Денови на комедија, кој поради потребата од поголема сала, традиционално е одржуван во Центарот на култура.[1]
Во 2016 година биле изведени осум наслови на македонски јазик и четири наслови на албански јазик. Кумановските глумци извеле 90 претстави кои биле посетени од над 17,500 гледачи.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.