Татомир
село во Општина Кратово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Кратово From Wikipedia, the free encyclopedia
Татомир — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.
Татомир | |
Поглед на селото | |
Координати 42°02′01″N 21°59′52″E | |
Регион | Североисточен |
Општина | Кратово |
Население | 42 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1360 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 14025 |
Татомир на општинската карта Атарот на Татомир во рамките на општината | |
Татомир на Ризницата |
Името на селото првпат е забележано во турски документи од 1519 година. Се верува дека неговото потекло е од истоименото лично име.[2]
Селото се наоѓа во крајниот југозападен дел на територијата на Општина Кратово, чиј атар се допира со подрачјето на општините Куманово и Свети Николе.[3] Селото е ридско и раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 600 до 700 метри.[3]
До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2247.
Селото првпат е документирано во 1519 година во историските извори.[2]
Атарот на селото зафаќа простор од 13,6 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 516 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 453 хектари, а на шумите 331 хектар.[3]
Во основа, селото има мешовита земјоделска функција.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Татомир живееле 175 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Татомир имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]
Татомир е населен со македонско население. Селото во 1961 година имало 391 жител, додека во 1994 година бројот се намалил на 135 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Татомир живееле 84 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 42 жители, од кои 35 Македонци и 7 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 175 | 160 | 376 | 424 | 391 | 332 | 174 | 135 | 135 | 84 | 42 |
Кон крајот на XIX век, Татомир било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото влегувало во тогашната Општина Шопско Рударе, во која се наоѓале селата Вакуф, Кетеново, Коњух, Секулица, Татомир, Топаловиќ и Шопско Рударе. Во периодот 1950-1952 година, селото претставувало дел од некогашната Општина Секулица, во која влегувале селата Вакуф, Секулица и Татомир.
Во селото постои избирачкото место бр. 0919 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[13]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 55 гласачи.[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.