From Wikipedia, the free encyclopedia
Таблетите претставуваат понови фармацевтски облици, чија продукција почнала кон крајот на 19 век, кога биле конструирани машините за таблетирање. Првите машини биле рачни, а таблетите не се распаѓале добро, па во 1880 година, кога се откриле особините на скробот да може со набабрување да влијае на нивното распаѓање, почнува ерата на таблетите. Така, во Ph. Jug. II има официнелни 28 видови таблети, додека по Ph. Jug. III повеќе од 100 видови, а исто така повеќе илјади видови се произведуваат во фармацевтските фабрики. Зборот TABLETTAE произлегува од латинскиот збор ТАБУЛА, што значи плочка, а бидејќи се добиваат со пресување (компресија), во некои фармакопеи се среќаваат и под името COMPRESSI. Поради можноста лесно да се земат (во повеќе случаи не е потребна медицинска установа, туку секој пациент може дома и секаде да ги употреби; лесно се чуваат и транспортираат, постабилни се можат точно да се дозираат итн.), таблетите заземаат половина од сите фармацевтски облици. Според Ph. Jug. III таблетите се дозирани, компримирани лековити препарати, добиени со пресување на лековити прашоци или гранулат. Се изработуваат како тврди, најчесто тркалезни плочки со рамна или испапчена површина.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Овие таблети се наменети за интерна употреба преку устата (per-os). Можат да се голтаат цели нерастворени или пак растворени во вода. Таблетите се добиваат со пресување на лековити прашоци или гранулат, поради што се викаат и Compressi perorales. Овој вид таблети е најчест и најмногу се приметува, бидејќи и технологијата им е едноставна (се изработуваат машински) и се најевтини. Околу 70% од сите видови таблети отпаѓа на нив.
Ресорпцијата на лингвалетите се одвива преку слузницата на устата. Формата им е тркалезна, биконвексна,помали се, а во нив се содржат активни материи на кои не им штетат ферментите на плунката, а такви се: разни вазодилататори, разни хормони, супстанции кои би се разградиле во желудникот. Лингвалетите не содржат средства за распаѓање, бидеќи сами постепено се распаѓаат во време 5-30 минути, а распаѓањето се одвива под јазик или со шмукање.
Самото име кажува дека овие таблети се употребуваат за лекување на заболената вагина – па најчесто лековити супстанции во нивниот состав се дезингицирани. Огликот на вагиналетите е различен: овален, јајчест, долгавест итн. Вагиналетите имаат заоблени рабови за да не ја оштетат слузницата на вагината. За да имаат овие таблети подолго дејство, треба постепено да се раствораат во вагиналниот секрет, поради што се додаваат помошни средства, како што се: лактоза, гликоза и др. Вагиналетите се испитуваат на распаѓање во раствор на лактат на 37 степени C и мора да се распаднат за 20 минути. Постојат и посебен вид вагиналети – IRIGABLETTAE, од кои се прават расвори, а кои се употребуваат во гинекологијата. Порано покрај овие видови таблети, официнелни по Ph. Jug. III, се среќаваат и други видови на фармацевтска практика, официнелни по фармакотеите на другите држави.
Се состојат од материи што на прашоците ќе им овозможи подобро лизгање, а воедно подобро излегување на таблетата од матрицата, со што се избегнува евентуалното лепење на прашокот и гранулатите за нејзините ѕидови. Ph. Jug. III како средства за лизгање ги препишува: талкот (2-4% најчесто), Mg-стеарат, стеаринската киселина, Cacao oleum. Посебна група средства за лизгање помеѓу таблетите и матрицата се LUBRIKANSI (талк, парафин).
Претставуваат одделни или пак група супстанции кои имаат цел да ја распаднат таблетата во вода или во дигестивниот тракт. Распаѓањето на таблетите има за цел да ја ослободи активната материја за да може таа во одредено време да дејствува. Таквите средства имаат својство да набабруваат, а по Ph. Jug. III официнелни се следниве средства: скробот, агарот, разни неоргански супстанции (Weegum, Aerosil, Bentonit и др.). Честопати е потребно да се зголеми набабрувањето, а со тоа и распаѓањето. Тоа го вршиме со средства за влажнење, како што се 3% glycerol, 70% сорбитол, а како средства за натопување Тween-ови, Na-лаурил сулфат.
Се истите што се употребуваат во прехранбената индустрија. Суштината на обоените таблети е да се добие подобар изглед, да се разликуваат меѓусебно а најчесто во индустријата одредена боја е каракеристична на некоја фабрика за лекови.
Се од најразличен карактер (етерични масла, шеќери, сахарин и др.).
Се додаваат за да имаат таблетите подобар сјај, а според Ph. Jug. III такви средства се: восоци, парафини, полиетилен гликоли и др
Изработката на таблетите денес достигнала висок тепен на совршеност и може да биде различна, во зависност од нивниот вид. Таа вклучува низа операции: сушење, агромерација, иситнување, пресување, хомогенизација, компримирање, обложување и полирање. Земаќи ја предвид заедничката основа за изработка, која се состои во компресијата, разликуваме два основни начини на изработка и тоа:
Напред спомнавне дека мал број активни материи можат директно да се компримираат, бидејќи за компресија е потребно прашочните материи да имаат одредени физички особини, односно да имаат кристална структура која е погодна при компресијата. Меѓутоа вака добиените таблети имаат поголема цврстина и тешко се распаѓаат па затоа треба да им се додаваат и средства за распаѓање (скроб). За да се избегне подолгата технологија денес се изработуваат супстанции со одреден степен на кристализација.
Тоа се најчести случаи при изработката на таблетите. Суштината на гранулацијата се состои во тоа прашочните материи со лоши физички особини да ги окрупни, а тоа да ги направи попогодни за компресија – бидејќи гранулатот полесно минува низ дизните и подобро и порамномерно ја полни матрицата. Постои сув и влажен метод за гранулација.
Се користи кога се сака таблетите да немаат голем волумен или пак за да се избегнат некои моменти во изработката (влага, температура) на кои се чувствитени одделни супстанции (витамини, препарати од дроги). Процесот се состои во формирањето на таблети со поголема димензија наречени – брикети, кои потоа се кршат, иситнуваат, сеат и одново се таблетираат.
Се изведува со додавање на средства за врзување во течна состојба или со додавање на некој растворувач за врзување во течна состојба или со додавање на некој растворувач (вода,вода-етанол, етанол и др.). По вообичаеното мешање на активните прашочни материи и средствата за дополнување, се врши навлажнување со средства за врзување. Влажната маса се протерува низ специјални сита (гранулирка) со што се добива влажен гранулат кој треба да се суши, но не сосема, бидејќи не ќе биде погоден за таблетирање. Сушењето се врши во автоматски сушници на температура до 50 степени C или во собна сушница на тацни на температура од 30-40 степени C, во зависност од стабилноста на активната компонента. (Гранулатот за капсулите треба да биде многу посув отколку оној за таблетирање).
Според начинот на работа, машините за таблетирање може да ги наредиме во две основни групи:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.