From Wikipedia, the free encyclopedia
TED (TED на англиски за Технологија, забава и дизајн) е светски збир на конференции чиј куратор е американската приватна и непрофитна фондација Саплинг, а се формирани со цел да ги шират „идеите вредни за споделување“. Од јуни 2006 преку TED.com[1] презентациите се достапни за бесплатно гледање на Интернет под лиценца на Криејтив комонс. Од јули 2010 преку 700 говори се достапни на Интернет. До јануари 2009 имале 50 милиони гледања. Во јули 2010 гледањата се искачиле до 290 милиони и сѐ уште привлекуваат глобална публика.[2]
TED е формиран во 1984 година како еднократен настан, а конференцијата почнува годишно да се одржува од 1990 година во Монтереј, Калифорнија. Почетниот фокус на ТЕД воглавно беше технологија и дизајн во согласност со гравитирањето кон Силициумската Долина. Настаните денес се одржуваат во Лонг Бич и Палм Спрингс во САД како и во Европа и Азија. Од настаните има пренос во живо на интернет. Сега на нив се разработуваат сѐ поголем број на теми од истражувањата и практиката од науката и културата. Говорниците имаат максимум 18 минути за да ги презентираат своите идеи на најиновативниот и највклучувачки начин што можат. Некои од досегашните говорници се Бил Клинтон, Џејн Гудал, Малком Гледвел, Ал Гор, Гордон Браун, Ричард Докинс, Бил Гејтс, основачите на Гугл Лери Пејџ и Сергеј Брин и многу добитници на Нобелова награда.[3] Моменталниот куратор на конференцијата е поранешниот британски компјутерски новинар и издавач Крис Андерсон.
Од 2005 до 2009, три ТЕД награди вредни $100.000 се даваат годишно за да им се помогне на добитниците во остварувањето на нивната желба за промена на светот. Од 2010, со променет процес на избор, се избира единствен победник со цел ТЕД да може да ги максимизира своите напори во остварувањето на желбата. Секој победник ја открива својата желба на главната годишна конференција.
Канцелариите на ТЕД се со седиште во Њујорк и Ванкувер. Од основањето конференцијата се одржуваше во Монтереј, Калифорнија, но од 2009 е преместена во Лонг Бич, Калифорнија, заради зголемен број на посетители.[4] Конференцијата ТЕД има придружна конференција ТЕДГлобал, што се одржува на различни локации. Минатата година, ТЕДГлобал 2009, Супстанцата на нештата што не ги гледаме, се одржа во Оксфорд, ОК, од 21 до 24 јули 2009. Последниот настан беше ТЕД 2010, Што му треба на светот сега во Лонг Бич, од 9 до 13 февруари 2010.[5]
Мисијата на ТЕД почнува со:
Страствено веруваме дека идеите имаат моќ да сменат ставови, животи и на крај светот. Затоа градиме простор што нуди бесплатно знаење и инспирација од најинспиративните мислители на светот и заедница на љубопитни души што ќе разменуваат идеи меѓу себе.[6]
Публиката на ТЕД се вика „ТЕДстери“.
ТЕД е основан од Ричард Сол Вурман и Хари Маркс во 1984, и се одржува еднаш годишно од 1990. Вурман, кому често му се припишува дека го смисли терминот информациски архитект во 1979, си замина по конференцијата во 2002. Домаќин на настанот сега е Крис Андерсон и е во сопственост на неговоата непрофитна фондација Саплинг.,[7] која е посветена на „насочувањето на идеите кон промена на светот“. Во 2006, учеството чинеше $4.400 и беше само по покана.[8] Моделот на членство беше променет во јануари 2007 во годишна чланарина од $6.000, што вклучува пристуство на конференците, пошта од клубот, алатки за вмрежување и ДВД од конференцијата.
Од јуни 2007, презентациите од ТЕД конференциите се достапни на интернет преку страницата на ТЕД, YouTube, iTunes,[9][10][11] и од 2009 има бесплата iPhone алликација, која моментално не е достапна во САД[12] The TED website recently won the Webby Award for Best Use of Video or Moving Image at the 13th Annual Webby Awards.[13] Презентациите се преведени на многу јазици преку проектот за отворени преводи, со цел да "[дојдат] до 4.5 милијарди луѓе на планетата што не зборуваат англиски," според кураторот Крис Андерсон. При лансирањето на проектот, преку 300 преводи беа направени од волонтереи во преку 40 јазици.[5]
Во 2010 имаше контроверзен момент на ТЕД кога Сара Силверман беше поканета да зборува на конференцијата. Во одговор на нејзината презентација за посвојување на "ретардирано" дете (термин што таа намерно го одбра како одговор на кампања против тој збор на Сара Пејлин), Организаторот на ТЕД Крис Андерсон на својата Твитер сметка напиша: „Знам дека не смеам да го речам ова за еден од моите говорници, но мислам дека Сара Силверман беше ужасна…“[14] Андерсон потоа го избриша овој коментар, но Силверман одговори преку нејзината Твитер сметка: „Секоја чест за [Крис Андерсон] што го направи ТЕД небезбеден за сите! Ти си ... медиокритет прикачен на задникот на бил Гејтс.“[15] Андерсон се извини на својата Постероус сметка, но исто така допиша „Наречете ме без хумор, но сѐ уште мислам дека хумор за смртно болни „ретардирани“ деца е стекнат вкус... И не е вкус што јас сакам да го стекнам.“[16] Во август 2010 видеото со презентацијата на Силверман сѐ уште не е објавено на страницата на ТЕД.[17]
Насим Талеб го критикува ТЕД за интелекуална неискреност и недостаток на суштина во најновото издание на Црн лебед (2010). Тој го нарекува ТЕД „настан што ги претвора научниците и мислителите во забавувачи од ниско ниво, како циркузанти.“ Од сите настани на кои бил поканет да зборува, за ТЕД вели дека е аберација. Талеб зборува на ТЕД2008, и ја предупреди публиката за кршливоста на финансискиот систем. Тврдеше дека кураторите одбрале да не ја објават неговата презентација поради козметички причини.[18]
Сара Лејси од Бизнисвик и ТехКранч го критикуваше ТЕД со твдења за елитизам. Лејси го критикува билетот од $6.000 и лошиот третман за помалку важните гости. За пример наведува како за нејзин пријател „поканата за ТЕД била откажана отктако тој ја напуштил своето престижно работно место во Сан Франциско“.[19] Подоцна Лејси го поздрави тоа што ТЕД го премести главниот настан во поголема сала во Лонг Бич и што почна да ги објавува видеата бесплатно на интернет.[19]
ТЕД наградата беше промовирана во 2005. Во претходните години три лица добиваа по $100.000 и шанса да ја кажат својата „желба да го променат светот“ на ТЕД. Од 2010 се доделува само една награда бидејќи „половина од [желбите] сѐ уште бараат поттик“ и „со премногу желби има ризик за разводнување на трудот.“[20]
2005 [21] | 2006 [22] | 2007 [23] | 2008 [24] | 2009 [25] | 2010 [26] |
---|---|---|---|---|---|
Боно | Лери Брилијант | Бил Клинтон | Нил Турок | Силвија Ерл | Џејми Оливер |
Едвард Буртински | Јехане Ноујаим | Едвард О. Вилсон | Дејв Егерс | Џил Тратер | |
Роберт Фишел | Камерун Синклер | Џејмс Нахтвеј | Каран Армстронг | Хосе Антонио Обре |
Програмата ТЕД придружници[27] спојува млади луѓе кои можат да го променат светот и пионери кои покажеле невообичаен успех и посебна храброст.[28] Програмата таргетира луѓе од Азија-Тихоокеанија, Африка, Карибите, Латинска Америка и Блискиот Исток, иако било кој од каде и да е, ако е постар/а од 18 години, може да се пријави.
ТЕДикс (TEDx) е програма што им овозможува на училиштата, компаниите, библиотеките или некоја група пријатели да уживаат во искуство слично на ТЕД преку TEDx настан кој тие треба да го организираат, дизајнираат и одржат.[29] Пример за такви настани се TEDxDubai, TEDxParis (на фотографијата десно) и TEDxConcordia. ТЕДикс настани се одржаа во преку 60 земји.[30] На 30 октомври 2010, во Скопје се одржува првиот TEDx настан, со 12 говорници.[31]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.