Сушица (Гостиварско)
село во Општина Гостивар From Wikipedia, the free encyclopedia
Сушица — село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар.
За други значења на поимот, погл. Сушица.
Сушица | |
Стари македонски куќи во селото Сушица | |
Координати 41°45′33″N 20°52′35″E | |
Општина | Гостивар |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 07077 |
Надм. вис. | 680 м |
Сушица на општинската карта Атарот на Сушица во рамките на општината | |
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во Горен Полог од десната страна на реката Вардар во нејзиниот изворишен дел. Сушица е ридско село сместено на надморска височина од 680 метри. Сушица е оддалечена околу 6 километри јужно од градот Гостивар. До 2004 година селото било под општината Долна Бањица. Највисока точка во селото е врвот Викало кој се наоѓа над месноста Клен со околу 950 м. надморска височина на јужната страна од с. Сушица. Источно од местоположбата на селото тече Сушичка Река која во летниот период во јули, август, септември пресушува. Низ сушички атар поминува во должина од 7 км а цела нејзина должина од изворот во Ново Село до влевањето во река Бањешница во с. Долна Бањица а потоа во река Вардар изнесува околу 15-километри.Во пролет и после силни дождови редовно ги поплавува нивите по целото течение.
Историја
Селото Сушица постои уште од средновековниот период, а доказ за тоа е средновековната црква Свети Никола во Горното Маало. Во периодот на османското ропство во Сушица не е забележано населување на турско, албанско или муслиманско население или пак исламизација. Селото до ден денеска е населено исклучиво со Македонци од православна вероисповед. Во втората половина на XIX век како и повеќето македонски градови и села, не го одминуваат соседните национални пропаганди, па така и ова село се поделува на Горно маало под Бугарската егзархија чии жители биле пробугарски настроени и Долно маало со просрпски настроени жители. Ваквата поделеност довела до брзо и силно национално освестување на Македонците од ова село, дека не се ниту Срби, ниту Бугари, туку дека се Македонци. Во текот Илинденското востание и на Втората светска војна селото дало повеќе македонски борци.Како најпознат и единствен Сушичанец кој го бранел селото од турските башибозуци и арамии во средината и крајот на 19-век се споменува Кузман Трпески кој бил немилосрден кога селаните биле напаѓани од Турците.Во неколку наврати Турците се обиделе да го запалат селото, а посебно неговата куќа (која и ден денес постои во селото како жив доказ со трагите од обидите за спалување) но не успеале од неговиот жесток оружен отпор во кој Турците имале и жртви.Наследници на Кузман Трпески од село Сушица и ден денес живеат во селото и во Гостивар.
Во записите на книгата Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, македонскиот револуционер Ѓорче Петров, за селото Сушица запишал дека тоа е расположено зад гостиварското градиште во долот на истоимениот поток[2]. . Тоа село со право е наречено Сушица, затоа што околните места му се покриени со дрвја, а неговата околина е гола и сиромашна со вода[2]. Порано селото било подолу крај кичевскиот пат, но подоцна за да ги избегнат непријатностите кои што им ги причинувале патот и близината до полето жителите избегнале погоре и се сокриле во горниот кат на долот[2]. Местото на старото село и сега ги носи називите Скакулица и Куќиште[2]. Првото било името на старото село, а второто е подоцнежниот назив[2].
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Стопанство
Населението во селото, се занимава главно со земјоделство особено со одгледување на познатиот гостиварски (бањички) црвен (благ) кромид, кој во минатото се извезувал и со вагони низ цела Македонија и пошироко. Застапено е и овоштарството, а во помала мера и сточарството. Поради опкруженоста со густи листопадни шуми, во селото се развиени и шумарството и дрвосечата. Поради непосредната близина со градот Гостивар, селото е економски поврзано со градот.
Покрај горенаведеното во селото егзистираат пет семејства од производство на мед т.е. пчелари кои произведуваат ретко квалитетен мед. Најпознато семејство пчелари се во Горното маало од семејството на Тофилоски Мирослаф, Рампе и Вељан кои се заинтересирани да пласираат и мед со “Сушички бренд“.
Население
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година селото Сушица, брои 8 жители, сите Македонци од христијанска веросиповед. Селото бележи постојан пад на бројот на своето население (26 жители во 1994 година) и е во фаза на наполно раселување. Поради близината на Гостивар и околу 120-семејства кои живеат во Гостивар селото секојдневно се посетува од Сушичани и во последно време прераснува во туристичка населба.Во селото од 2003 постои фиксна телефонија и нова трафостаница која ги задоволува потребите на селаните кои за жал постојано ги има седум семејства со 12-жители.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 140 | 216 | 207 | 265 | 219 | 110 | 53 | 18 | 26 | 8 | 3 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
Сушица е македонско село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:[9]
- Староседелци: Огњановци (2 к.) порано живееле на местото Куќиште. Таму се доселиле од раселеното село Русино. Имаат иселеници во Вруток и Смедерево (едно семејство). Иселениците во Вруток се викале Томевци, по некој човек Томе кој се населил таму како домазет. Во 1945 година некој од овој род се иселиле во Софија; Грујовци (2 к.) исто потекло како и претходниот род. Имаат иселеници во Смедерево (едно семејство); Крстевци (4 к.) имаат исто потекло како и претходните родови. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство); Неделкоски (13 к.) исто потекло како и претходните родови.
- Доселеници: Лазаровци (11 к.) доселени се од мијачкото село Лазарополе. Се доселил основачот на родот Стаме. Го знаат следното родословие: Иван (жив на 60 г. во 1947 година) Кузман-Трпе-Трајан-Атанаско-Стаме, кој се доселил. Предокот Трајан бил храбар човек, и го бранел селото од арбанашките напади. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство) и во Војводина (едно семејство); Милевци (2 к.) доселени се од селото Железна Река; Скакулевци (4 к.) доселени се исто така од селото Железна Река. Се доселиле таткото (Стаме) и чичкото (Марко) на Оливер (жив на 65 г. во 1947 година). Они се најмлади доселеници во селото.
Општествени установи
Во селото постојат 2 цркви. Свети Никола која е поголема и понова во Горното маало и средновековната црква Свети Никола викана Долна Цркава кај поранешното село Сушица кое се наоѓало кај Долната црква во месноста “КУЌИШТА“ веднаш преку Сушичка река каде постои и еден крст висок 2-а-широк 1,5.м.исклесан од бигорен камен и поставен веднаш до патот на јужната страна од црквата. Во минатото во селото работело и училиште.
Самоуправа и политика
Во селото не постојат записи за случувањата во минатото.Во црквата Св.Никола постои една стара тетратка во која што постои евиденција на наталитетот и морталитетот во селото но тоа е запишано во времето додека Македонија била под српско ропство од 1913.година до ослободувањето во 1945.год.Таа евиденција е водена од свештениците кои верски го опслужувале селото.После 1945.г. нее целосно евидентиран наталитетот и морталитетот во селото поради еднопартискиот систем во тогашната Југославија и положбата на црквата во тоа време.Во таа тетратка недостасуваат поголем број на страници кои се искинати од несовесни Сушичани кои барајќи корени за нивното потекло наместо да ги препишат податоците тие ги кинеле и ги земале со себе. Во овој период Сушичани се политички определени помеѓу неколку Македонски политички партии во двата блока на Македонската демократска плуралистичка политика. За случувањата во селото историјата е запамтена со кажувања од колено на колено од постарите на помладите генерации.Повеќе податоци за селото се наоѓаат во архивот на Македонија во Тетово. Во моментов најстара Сушичанка е Кузманоска Загорка стара 96.г.живее во Змајево близу до Нови Сад во Р.Србија почина во мај месец 2014,г,малку пред стотиот роденден, додека најстар Сушичанец е Димоски Гаврилоски Блажер.1923.г.почина есента 2010.г..
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 514 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
Во 2007/08-год во селото изграден е нов објект за месната заедница во кој ќе се користи за состаноци, продавница за колонијал и бифе. Пред овој објект да се изгради постоеше стар објект за месната заедница таканаречено „ФРОНТОСКО„ кое беше во дворот на основното четиригодишно ушилиште „Гоце Делчев„ но денес е само рушевина. Во 2002,година во селото се случи еден голем културен настан и освежување на старата архитектура во селото од страна на семејството Најдевци од долното маало кои ја реновираа својата стара семеејна куќа изградена во 1862 г.
Цркви
- Црква „Св. Никола“ - Сушица — главната селска црква; Црквата е изградена во 1871.г. Возобновена на старите темели
во времето од 2006 до 2013.г. На 20-05-2014.г.Црквата е осветена. На чинот на осветувањето присуствуваа голем број на верници Сушичани од селото,Гостиварско и од диаспората како и православни верници од цела Македонија.Освтувањето го изврши новиот владика на полошката архиепископија г.Јосиф кому му беше прво осветување на православрн храм . После после имаше сенародна веселба со песни и ора.
- Црква Свети Никола (долно црквиче) - се наоѓа североисточно од селото на околу 400-метри на локалниот пат за село Це-
рово.Црквата потекнува од 18-век,постојат гробови во склоп на црковниот двор од починати Сушичани кои до 1871,г, живее- ле во селото кое тогаш се простирало на двете страни од Сушичка река веднаш до црквата.
Во 2020.г.Долна црква е целосно реставрирана,дворот,иконостасот,ограда,летниковец и ред други работи и сега изгледа прекрасно.
Редовни настани
Во селото Сушица се слават повеќе празници меѓу тие празници највеќе е посетен верскиот празник „Водици“, кој се слави три дена и тоа на 17/18 и 19 јануари секоја година, кога во црквата Свети Никола во селото се собираат скоро сите Сушичани од Гостиварско, Скопско и од цела Мекедонија, како и некои семејства од Србија кои сѐ уште имаат контакт со селото. На овој празник стариот кум го предава крстот на новиот кум. Потоа следува веселба и гозба со песни и музика која ја приредува новиот кум. На тој празник во селото се присутни околу 200-Сушичани. Ден пред централната прослава старите и новите кумови ги посетуваат сите семејства во селото секоја куќа и се пречекуваат со посен грав разни туршии,греана Сушичка ракија и црно вино. Кумовите тој ден го поминуваат низ селото и честопати се поднапиваат и се многу весели, штркаат со босилек и со вода низ имотите на Сушица а во котелот со вода домаќините им оставаат вода и ситни метални пари.
Втор голем празник каде што се собираат селаните во селската црква е Велигден. На овој празник во селската црква се палат свеќи, потоа меѓусебно си го честитаат празникот се кршкаат со црвени Велигденски јајца, се пие ракија која ја честат лицата кои го носат името на празникот. Потоа се врши наддавање на подароци кои се оставени за здравје во црквата а собраните пари остануваат во црквата Во попладневните часови на селското фудбалско игралиште “ШАРКОАРАВ“ се игра фудбалски натпревар за печено јагне помеѓу екипите на помладите и постарите Сушичани. Во 60, 70-тите години од минатиот век, на овие празници имало и продавачи на шекерни производи и зашеќерени сушички јаболка.
Личности
- Љубомир Шаревски Кирјаковски (1923-2007) - македонски патриот партизан во Втората светска војна, учесник во ослобдувањето на Скопје и еден од основачите на Здружението за обнова на црквата „Св.Богородица“ во Скопје во 1991 година.
- Младен Србиновиќ (1923-2009) - македонски академски сликар кој живее во Белград, член на ДЛУМ имал повеќе ликовни изложби во Македонија, најчести мотиви во своето творештво му е родното село и родниот крај, слики од Македонија, и македонските народни носии и архитектура.
- Иван Трпески р.1953.г.писател поет со освоено прво место на конкурс на МРТВ-за песната “Машината„
со напишани повеќе збирки песни кои за жал поради финансиски средства не се печатени.
- Иван Маркоски р.1948.г. дипломиран хемиски инженер, познат стопанственик во Р Македонија и на Балканот сопственик на РО“ХЕМИНГ“-Гостивар.
- Гојко Карафилоски ветеринар доктор по науки од ветеринарство моментално живее и работи во Пљевље во Република Црна Гора.
- Горан Трпески р.05-04-1981.г.вокал во музичката група “ФАВОРИТИ“ од Гостивар.
- Чедомир Тофилоски физичар по атомска енергија вработен во институтот “ВИНЧА“-Белград Р.Србија.
- Даиљ Јанкоски (1955 - 2002), македонски бранител од редовите на полицијата кој својот живот го даде за Република Македонија во воениот конфликт со албанските терористи. Загина во терористички напад на ден 26.08.2002 година во населба Циглана, Гостивар.
Култура и спорт
Сушичани немале регистрирани спортски екипи. Учествувале на многу турнири во фудбал организирани во с. Сушица како и во околните комшиски села: Митрови Крсти, Церово и имаат освоено највише први места. Како најдокажана генерација која дала најдобро фудбалери кои ги постигнале овие резултати се смета генерацијата од 1950 - 1960.г. од кои доста играле и во регионални и општински фудбалски лиги во Гостиварско и пошироко.Фудбалери кои играле во фудбалски клубови во Гостиварско се: Јакимоски Ѓино во ФК-Гостивар,ФК-Силика и ФК-Мермери од с. Г.Бањица,Карафилоски Владимир,Петровиќ Дејан и Трпески Никола во ФК-Мемери од с. Горна Бањица.Карафилоски Благоја(центарфор и голман). Од постарата генерација на фудбалери познати се Јакимоски Ратко,Јакимоски Боге (гичо) Каранфилоски Славе, Кузманоски Арсе, Димоски Гојко (шенола), Исајлоски Слободан, Мерџаноски Даме и брат му Јовче, Ќирески Стефан и др.Во 1972.г. Во село Вруток одигран е натпревар помеѓу Сушица и Вруток на стадионот во месноста “Краста“.Вруток имаше во тоа време регистрирано ФК-Вардар кој се натпреваруваше во трета Полошкиот Регион додека Сушица немаше регистриран ФК.Нтпреварот заврши нерешено 2:2- Најдобар играч на натпреварот беше голманот на Сушица Иван Трпески. Во последните минути на натпреварот Неделкоски Лубе не реализираше пенал за Сушица.
Иселеништво
Од крајот на XIX век, целиот XX век, па и до ден-денес, населението од Сушица одело на печалба. Каде што работеле постигнале доста успех така што таму првин работеле како наемни работници, а потоа скоро сите исселени Сушичани отворале свои дуќани, претежно фурни и слаткарници, така што до ден-денес нема семејство од селото што нема роднини скоро во сите поголеми градови во Србија, Црна Гора, Бугарија, како и во поразвиените запдни Европски држави, Австралија и Америка.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.