Сун-цу (кинески: 孫子, пинјин: Sūn Zǐ), VI век п.н.е) — кинески војсководец и теоретичар, автор на расправата „Умешноста на војувањето“, енормно влијателна древна кинеска книга на тема воена стратегија (најголемиот дел не се занимава директно со тактика). Тој е исто така еден од најраните реалисти во теоријата на меѓународните односи.
Сун-цу | |
---|---|
Статуа на Сун-цу во Јурихама, Јапонија | |
Занимање | војсководец |
Народност | Кинез |
Период | 722–481 п.н.е. или 476–221 п.н.е. (спорно) |
Предмет | воена стратегија |
Значајни дела | „Умешноста на војувањето“ |
Името „Сун-цу“ („Учителот Сун“) е почесна титула дадена на Сун Ву (孫武), името на авторот. Зборот Ву, кој значи „боречки“ или „воен“, е ист што и зборот „ву шу“ или „боречка вештина“. Сун Ву исто така има и куртоазно име, Чанг Ќинг (長卿).
Сун-цу како историска личност
Единствениот зачуван извор за животот на Сун-цу е неговата биографија напишана во II век п.н.е. од историчарот Сема Ќен („Записи на историчарот“), кој го опишува како војсководец кој живеел во државата Ву во VI век п.н.е., а така и современик на еден од големите кинески мислители— Конфуциј. Меѓутоа, формата и содржината на „Умешноста на војувањето“ укажуваат дека книгата била напишана меѓу 400 п.н.е. и 320 п.н.е.
Сун-цувото дело, „Умешноста на војувањето“, нанзачено како бинг фа или „воена стратегија“, ни дава еден вид увид во периодот во кој авторот живеел.
Некои академици веруваат дека книгата е всушност дело на некои анонимни кинески филозофи и дека Сун-цу не постоел вистински. Интересно е дека постојат повеќе докази во полза на оваа теорија, отколку во полза на теоријата дека тој бил вистинска историска личноост. Во Лајонел Џајлсовиот вовед на неговиот превод „Умешноста на војувањето“ од 1910, тој ја обработува нејасноста и сомнителноста на авторството на оваа книга.
Според некои Сун-цу бил предок на Сун Кван, основоположникот на кралството Ву, кое било едно од трите сопернички супер-династии за времето на Трите Кралства.
Споменик во Скопје
Сун-цу е претставен на 2,5-метарска скулптура на фасадата на Министерството за надворешни работи на Република Македонија во Скопје, меѓу останатите статуи на странски државници и дејци што ја красат надворешноста на ова здание[1].
Поврзано
- Познати воени писатели
- „Триесет и шест стратегии“, друга кинеско стратешко дело
- „Умешноста на војувањето“
- Филозофија на војувањето
Македонски изданија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.