From Wikipedia, the free encyclopedia
Страсна (Страдална, Велика) седмица — последната недела од Христовиот живот. За секој нејзин ден во богослужбените книги се зборува како за голем (велик) и свет, и во секој од нив, во сите цркви се извршуваат посебни богослужби.
Црквата пропишува во првите три дена на Страсната седмица на часовите да се читаат сите четири Еванеглија, до местото каде што започнуваат Христовите страданија. А Старозаветните читања се земаат од Втората книга Мојсеева, од Јов и од пророците. Може да се каже дека како општа тема на првите три дена од Страсната седмица се јавуваат крајот на светот и Христовиот Суд.
Утрените обично се служат доцна навечер, и на нив се пее посебен тропар:
„Ете, Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е слугата што ќе го најде буден, а недостоен е оној што ќе биде најден немарен. Внимавај, затоа, душо моја, да не те совлада сонот, да не бидеш предадена на смртта, и да не бидеш исклучена од Царството. Туку, освести се и повикај: 'Свет, свет, свет Си Боже, поради молитвите на Богородица смилувај се на нас'.“
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.