Странски директни инвестиции

From Wikipedia, the free encyclopedia

Странски директни иневстиции (СДИ) се форма на движење на капиталот од една во друга земја со која извозникот на капиталот се стекнува со учество од над 10% во сопственоста на странското претпријатие.

Одлики на СДИ

Иако не постои општоприфатена теорија за странските директни инвестиции, со текот на времето се појвиле различи теории кои осветлуваат одделни аспекти на инвестирањето во странство. Повеќето од нив го нагласуваат значењето на пазарниет несовршености како основна движечка сила на странските инвестиции. Конкретно, следниве фактори имаат пресудно влијание врз одлуката за инвестирање во странство:[1]

  • надворешнотрговските ограничувања
  • несовршениот пазар на труд
  • нематеријалните средства
  • вертикалната интеграција
  • животниот циклус на производот
  • диверзификацијата на акционерите

Најголеми носители на СДИ се мултинационалните компании кои инвестираат во странство така што отвораат свои производни испостави (филијали, погони итн.), воспоставуваат свои претпријатија или пак го откупуваат контролниот пакет акции во постојните претпријатија во странство.[2] Странските директни инвестиции се најдинаммичната форма на меѓународно движење на капиталот. Така, во периодот 1986-1995 година, просечната годишна стапка на пораст на овие инвестиции изнесувала околу 22%, а на крајот на 1998 година, вкупниот износ на странски директни инвестиции во светот изнесувал 4 088 милијарди долари.[3]

Притоа, динамиката на СДИ зависи од повеќе фактори, како:[4]

Ефекти на СДИ

СДИ поддржуваат создавање нови работни места и економски раст преку директни, индиректни и индуцирани ефекти врз домашната економија. Директните ефекти се поврзани со економските активности на странските компании. Индиректните ефекти се однесуваат на тоа кога странските компании се снабдуваат со ресурси за производство од локалните снабдувачи, на пример, интермедијарни добра или деловни услуги. Индуцираните ефекти се појавуваат бидејќи зголемената економска активност на странската компанија и локалните добавувачи носи згoлeмување на приватната потрошувачка, што понатаму ја стимулира економската активност. Исто така, странските инвестиции носат потенцијал за нови СДИ преку повеќе канали:[5]

  1. преку повисоките плати се подобрува животниот стандард во домашната економија, па земјата станува попривлечна за инвеститорите.
  2. со зголемувањето на домашниот пазар и остварувањето економии од обем за локалните компании-добавувачи, странски мултинационални компании можат да го намалат трошокот по единица ресурси за производство и да се подобри привлечноста на државата како локација за странските компании коишто користат слични фактори за произодство.
  3. во поглед на прелевањето на знаењето и зголемувањето на продуктивноста на домашниот пазар на труд, мултинационалните компании праќаат сигнали на другите странски компании и го олеснуваат патот за привлекување на нови инвеститори.

Меѓутоа, СДИ може да предизвикаат и некои негативни последици. Ефектот на истиснување може да се појави преку пазарот на труд доколку регионалната невработеност е на ниско ниво или ако во регионот има недостиг на работна сила со специфични вештини и компетенции. Странските компании најчесто имаат висока продуктивност и плаќаат повисоки плати споредено со домашните компании, па затоа и полесно ќе ја привлечат покомпенентната работна сила. Ефектот на прелевање на знаењето, исто така, може да биде ограничен доколку домашните компании не се доволно подготвени да го апсорбираат знаењето од странските компании, или ако странските компании не ги ангажираат локалните компании – добавувачи или, пак, тие не можат да им одговараат на побарувачката.[5]

Мерки за привлекување СДИ

Секоја земја има усвоено сопствена политика за привлекување странски директни инвенстиции. Некои земји тоа го прават преку намалување на даноците, доделување одредени грантови и сл. Други се обидуваат да привлечат странски капитал преку подобрување на сопствената инфраструктура, со цел да се исполнат потребите на инвеститорите. Во основа, речиси секоја земја којашто се обидува да ги намали административни бариери и бирократија. Макроекономските реформи се насочени кон поедноставување на регулацијата, зацврстување на сопственичките права, зголемување на флексибилноста на пазарот на труд итн.[6]

Дефиниција и видови СДИ

Движење на СДИ во светот

Во 2006 година, вкупните странски директни инвестиции во светот биле распределени по региони на следниов начин: Европа учествувала со 48 % од вкупните приливи на странски директни инвестиции, 19 % од приливите биле насочени кон Азија, САД учествувале со 14 % во вкупните светски странски директни инвестици, учеството на Латинска Америка и Карибите изнесувало 8 %, 3 % од странските директни инвестиции отишле во Африка, додека учеството на другите региони изнесувало 8 %.[7]

Повеќе информации Година, Состојба (мрд. долари) ...
Обемот на СДИ во светот, 1980-1995.[8]
ГодинаСостојба (мрд. долари)
1980514,2
1985679,4
19901 667,6
19952 657,9
Затвори

СДИ во Македонија

Заклучно со 2014 година, вкупниот нето-прилив на СДИ во Македонија изнесувал 4.892 милиони долари. Во периодот 1998-2014 година, најголем износ на СДИ бил остварен во 2007 година (700 милиони долари), а најнизок во 1999 година (88 милиони долари). Во овој период, во девет години, приливот на СДИ бил помал од 200 милиони долари. Набљудувано како процент од БДП, нето-приливот на СДИ бил најголем во 2001 година, кога изнесувал 12%, а најмал прилив бил забележан во 2005 година (1,5%). Притоа, во девет години од периодот 1998-2014, приливот на СДИ бил помал до 3% од БДП. Во поглед на потеклото на капиталот, заклучно со 2014 година, најголем дел од СДИ потекнувал од Холандија (21,4% од вкупните СДИ).[9]

Табела 1: Нето-приливи на СДИ во Македонија (во долари)[9]

Повеќе информации Година, Износ на СДИ ...
ГодинаИзнос на СДИГодинаИзнос на СДИ
19981502008600
1999882009185
20002162010207
20014462011474
20021052012165
20031172013305
20043222014261
2005942015
20064242016
20077002017
Затвори


Табела 2: Нето-приливи на СДИ во Македонија (процент од БДП)[9]

Повеќе информации Година, Износ на СДИ ...
ГодинаИзнос на СДИГодинаИзнос на СДИ
19984,2%20086,1%
19992,4%20092%
20005,7%20102,2%
200112%20114,5%
20022,6%20121,7%
20032,4%20132,8%
20045,7%20142,3%
20051,5%2015
20066,2%
20078,4%
Затвори


Табела 1: Потекло на СДИ во Македонија (по земји)[9]

Повеќе информации Земја, Учество во вкупните СДИ ...
ЗемјаУчество во вкупните СДИ
Холандија21,6%
Австрија12,8%
Грција10,7%
Словенија9,6%
Унгарија5,6%
Турција4,5%
Швајцарија4,3%
Обединето Кралство3,5%
Затвори

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.