македонски уфолог и писател From Wikipedia, the free encyclopedia
Стојмир Симјаноски (13 август 1937 , Иванчишта, Кичевско - 5 јануари 2017 , Кичево) — најпознат македонски уфолог и писател, на еден од најплодните автори од постара генерација во Македонија.
Стојмир Симјаноски | ||
Роден | 13 август 1937
Иванчишта, Кичевско, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 5 јануари 2017
Кичево, Македонија | |
Занимање | писател и уфолог |
Симјаноски е роден на 13 август 1937 година во селото Иванчишта, Кичевско. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Македонски јазик со историја на книжевностите на народите на Југославија. Ги објавил делата: Чесно дрво, (раскази, 1972), Црвени утра, (роман, 1975), Синови на горите, (роман, 1976), Ацела, (научнофантастатичен роман за деца, 1977), Белата голгота, (роман, 1981), Весниното писмо, (роман за деца, 1983), Фаќачи на вампири, (раскази, 1985), Ќерката на ѕвездите (научнофанстатичен роман, 1985), Третиот завет, (роман за деца, 1988), Двојната Ева, (роман за деца, 1991). Повеќето раскази му се преведувани на српскохрватски јазик. Пишувал радиодрами, фељтони и есеи. Добитник е на наградите „11 Септември“ и на „Курирче“. Во светската „Енциклопедија на научната фантастика“ од д-р Зоран Живковиќ (издание на „Просвета“ од Белград - 1991 година во која се внесени сите творци и сите дела од сите земји и векови од овој жанр, од над триста писатели од Македонија со своите одредници се застапени само тројца автори: академикот и професор, д-р Владо Урошевиќ, професорот д-р Ферид Мухиќ и Стојмир Симјаноски. На страната 661 од оваа енциклопедија во одредницата за Стојмир Симјаноски пишува: „Водечки југословенски писател на македонски јазик кој на жанровската сцена на научната фантастика е присутен од 1975 година откога објавил повеќе научно фантастични дела. Симјаноски, воглавно, гради утописки, односно антиутописки визии сместени на далечните вселенски острови. Социјалните заедници кои таму настануваат само на прв поглед се совршени, додека под нивната утописка глазура се кријат и се закануваат прикриените тоталитарни опасности.“ Во обемната студија од доктор Мурис Идризовиќ: „Македонската книжевност за деца“ - „Наша книга“ - Скопје, 1988 година издадена во рамките на големиот проект „Литературата за деца и младина во Југославија“, одделот за Стојмир Симјаноски почнува: „Стојмир Симјаноски ја воведува научната фантастика во македонската книжевност кој научна фантастика како своевидна имагинативна претходница на човештвото во нашите литературни простори е сè уште во повој. За пишување на дела од научна фантастика е неопходен особен вид имагинативност и добра упатеност во светот на науката“. „Бојата на времето“ нов роман од Стојмир Симјаноски, МКД.мк, 15/01/2012: „Стојмир Симјаноски (1937, Кичево) е автор на повеќе од петнаесет книги, меѓу кои шест романи со теми од историјата на македонскиот народ, а од кои се издвојува трилогијата романи на ајдучка тема „Синови на горите“, „Третиот завет“ и „Вратата на сонот“. Потоа, четири романи од жанрот на научната фантастика „Ацела“, 1977, „Ќерката на ѕвездите“, 1985, „Двојната Ева“, 1990, „Лицето на самовилата“, 1991, три збирки раскази „Чесно дрво“, „Фаќачи на вампири“, „Моите три животи“, збирката радиодрами „Самовилски извори" и современите романи „Евангелието на трите самовили“ и „Камена веда“, како и научнопопуларната книга-студија за НЛО „Мит за сите времиња“. Во некои енциклопедиски изданија за научната фантастика во поранешна Југославија, Стојмир Симјаноски беше сместуван во водечките писатели на Балканот од овој жанр.“ Починал во Кичево на 5 јануари 2017 година.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.