From Wikipedia, the free encyclopedia
Фуражни култури или крма — растителен материјал (главно листови и дршки) што се користи како сточна храна, во свежа состојба или сушена. Историски гледано, во почетокот поимот ги опфаќал растенијата што животните ги користеле директно, како треви, жита или недозреани житни култури, но подоцна се користи во поширока форма и вклучува растенија што се косени, сушени и давани како храна на животните, особено сламата или силажните растенија.
Иако терминот сточна храна има поширока дефиниција, поимот фуражни растенија важи за земјоделски култури, едногодишни или двегодишни, кои се одгледуваат за да се искористат за пасење или за добивање сено како храна за добитокот.
Фуражни култури се:
За да се задоволат потребите на животните од храна во било која сезона, потребно е да се зачуваат фуражните растенија. Главно, се користат следниве три методи:
Сламата, споредниот производ од житните култури, исто така може да се користи како сточна храна во периодите кога нема ниту една друга храна. Сепак, пожелно е сламата да се измеша со други хранливи состојки, за да се зголеми хранливоста и да се подобри апетитот на добитокот.
Фуражните култури најчесто се одгледуваат заедно со индустриските култури и нивната застапеност во Македонија е релативно мала, односно изнесува околу 10%.[1]
Во 2007 г. фуражните култури во Македонија се одгледувале на вкупна површина од 21.458 хектари, поделени на следниве култури:[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.